Македонија

Избрани четири нови јавни обвинители во ОЈО ГОКК

Советот донесе одлука за избор на Енѓелуше Кадриу Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска Јакимовска и Ана Стојковиќ Димитриовска, за нови јавни обвинители

Советот на јавни обвинители на денешната 40-та седница донесе одлука за избор на Енѓелуше Кадриу Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска Јакимовска и Ана Стојковиќ Димитриовска, за нови јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Претседателот на Советот, Башким Селими, на почетокот информираше дека на огласот за пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пријави поднеле осум кандидати, додека Трајче Пеливанов и Артан Ајро ги повлекле кандидатурите и нема да се разгледуваат.

Советот по разгледување на кандидатурите на јавно гласање не ги изгласа кандидатите Марија Горѓиева, Валентина Бислимовска, Сузана Мирческа Кузмановска и Ивана Алексовска Трајчевска.

Членот на Советот Светлана Стојковиќ, во своето излагање се осврна на измените на мандатот на јавните обвинители во ОЈО ГОКК од четири на седум години во новото предлог законско решение, посочувајќи дека петмина од пријавените кандидати веќе имаат по два мандати во ОЈО ГОКК, што значи веќе осум или повеќе години мандат во ова обвинителство.

Според Стојковиќ, мандатот од седум години не е прекраток за да се даде свој придонес во ова обвинителство, а доволен за да не се дозволи акумулација на моќ.

– Сите се квалитетни јавни обвинители со докажана стручност. Но, би го дала својот глас за трите обвинители од ОЈО Скопје кои не работеле во ОЈО ГОКК, а со својата биографија и досегашната работа ја заслужуваат шансата – изјави Стојковиќ.

Кети Петкова, се согласи со ставот на Стојковиќ, посочувајќи дека својот глас ќе го даде за тројцата што немаат работено во ОЈО ГОКК, но и за Кадриу Леши Ингуша, со оглед на тоа, како што рече дека треба да се запази и правичната застапеност.

ДРжавниот јавен обвинител Ненад Савески, рече дека не учествувал во интервјуата, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати, но и дека сите ги познава и е запознаен со нивната работа, посочувајќи дека својот глас ќе го даде за тројцата кандидати кои не доаѓаат од ОЈО ГОКК, со оглед на, како што рече, својот став дека треба да се даде шанса.

– Секогаш сум поборник секој да ја добие шансата и да се реализира на одредена позиција. Тројца од кандидатите не се дел од ОЈО ГОКК. За сите кандидати од ОЈО ГОКК имам високо мислење и се квалитетни во своето работење. Мојот главен критериум е тоа дека на секој од јавните обвинители надвор од подрачјето на Скопје треба да им се даде можност да се пронајдат во едно обвинителство. Искрено, мене ме разочарува тоа што за пет места има само осум кандидати. Сакам на сите обвинители да им се даде шанса и да веруваат дека ќе им се даде можност да напредуваат во кариерата – изјави Савески.

Најнови вести од: Македонија

“Samsung” ги лансираше новите генерации на гејмерските Odyssey и професионалните ViewFinity монитори, вклучувајќи го и првиот 6K монитор во индустријата наменет за играње игри

Линијата монитори за 2026 година го предводи пазарот во однос на перформансите, истовремено проширувајќи го пристапот до премиум иновации кај екраните. DisplayPort 2.1 носи перформанси со голем проток за напредни визуелни ефекти низ целата линија Odyssey G8

Мицковски: Умираме од нашето ѓубре (ВИДЕО)

Ова труење кое не си го правиме само преку воздух, туку и преку водите и почвата, од тоа што го јадеме и пиеме, затоа што тие депонии испуштаат тешки токсични и канцерогени отрови и најчесто се на плодна почва, блиску до води или домови, се има претворено во сериозен и можеби најголем убиец на народот

Петрушевски: Нема веќе продавачи на кифли да стануваат инспектори

Сега тоа нема да се прави, туку се формира средно полициско училиште, од каде што државата ќе ги црпи најдобрите кадри коишто веќе ќе бидат подготвени за оној позив којшто значи полициска работа, нагласи пратениот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

To top