Македонија

Скопјанецот Б.Л. (46) фатен зад волан со рекордни 4,01 промили алкохол! Удрил во две паркирани возила, а неговото му е одземено!

Ако не за светски „Гинис“, тогаш сигурно е за балкански и европски „Гинис“: МВР соопшти за скопјанецот, уапсен, оти возел со рекордни 4.01 промили алкохол во крвта! Притоа, удрил во две паркирани возила.

Б.Л.(46) од Скопје е уапсен вчеравечер околу 19 часот, откако истиот ден околу 16 часот улица „Бранислав Нушиќ“ во Карпош, управувајќи автомобил „шевролет авео“ со скопски таблички, удрил во паркирано патничко возило „хонда“ и паркирано возило „опел астра“, обете со скопски таблички. Алкотестирањето покажало дека возел под дејство на 4,01 промили алкохол во крвта.

По насоки од јавен обвинител, тој е задржан во полициска станица а автомобилот му е одземен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава, поради „безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top