Македонија

Еврокомесарката Кос на страна на Македонија против Бугарија, според бугарски медиум

Порталот „Интриги“ ја обвинува Кос за ставот дека влезот на Македонија во ЕУ е начин да се заштити „идентитетот, културата и јазикот на Македонците“

Марта Кос, комесарка на Европската унија за проширување, се најде на тапет на бугарскиот портал „Интриги“, според кој Македонија ја имала на своја страна против Бугарија.

„Во својата улога како европски комесар, Марта Кос е одговорна за процесот на проширување на ЕУ во Западен Балкан и особено во Северна Македонија. Кос во моментов официјално го застапува ставот дека Северна Македонија треба да ги вклучи Бугарите во својот устав како официјално признато малцинство. Но, од друга страна, Кос е непоколеблива дека влезот на Северна Македонија во ЕУ е начин да се заштити ‘идентитетот, културата и јазикот на Македонците’.

Европскиот комесар повеќе пати се сретна со северномакедонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски токму во врска со обидите на Македонија да ги продолжи преговорите за пристапување во ЕУ без да ги вклучи Бугарите како официјално признато малцинство во својот устав. Дали ова има некаков ефект – во летото 2025 година, Кос тргна по патот дека ова прашање не треба да ги запре преговорите за влез на Северна Македонија во ЕУ, но реакцијата на бугарските европратеници беше доволно силна за да ги запре навестувањата“, пишува „Интриги“ во написот што го почнува со обвинувањето од словенечката европратеничка Романа Томц, заменик-претседателка на Европската народна партија, дека нејзината сонародничка Кос бил соработник на ексјугословенската тајна служба УДБА.

Најнови вести од: Македонија

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците

„Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија досегашниот кредитен рејтинг на Македонија

Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

Најнови вести

To top