Македонија

Европски правен авторитет на прагот на Уставниот суд: професорот д-р Гоце Наумовски се очекува да биде избран за уставен судија

Д-р Гоце Наумовски, редовен професор на на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со докторат стекнат на Универзитетот во Стразбур, се очекува да биде избран за нов уставен судија. Тој е предлог на Комисијата за избори и именување, а на 18-ти се очекува да биде изгласан и на собраниска седница.

Станува збор за еден од респектираните македонски правни научници, со долгогодишно искуство во областа на римското и европското право, како и во интелектуалната сопственост и правната аргументација. Проф. Наумовски има објавено бројни научни трудови во домашни и меѓународни списанија и активно учествува на европски и светски конференции.

Препознатлив е и по својата европска академска вмреженост, учество во меѓународни истражувачки проекти и соработка со повеќе универзитети и правни институти во Европската Унија. Како професор, со години е посветен на едукација на нови генерации правници, со фокус на владеењето на правото, уставните вредности и правната сигурност.

Очекуваниот избор на проф. Наумовски се оценува како сигнал за ориентација кон стручност, интегритет и европски стандарди во работата на Уставниот суд, како и чекор кон понатамошно зајакнување на довербата во уставно-судската заштита.

„Скопје инфо.мк“

Најнови вести од: Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

Мицкоски: Иднината на глобалниот развој на светот ќе ја дефинираат вештачката интелигенција и енергијата

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред млади лидери и претставници на Европските демократски студенти истакна дека иднината на глобалниот развој ќе биде дефинирана од вештачката интелигенција и од енергетскиот сектор.

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top