Голем предизвик ќе имаат македонските ракометари на првиот меч вечерва во Хернинг, каде што противник е домаќинот и актуелен светски првак Данска. Освен на теренот, голема борба ќе има и на трибините.
Јасно е дека домашните навивачи ќе доминираат во салата, но без разлика каде и да игра Македонија, секогаш таму е и нашата Фаланга. Така ќе биде и овојпат. Се очекува околу 200 наши навивачи да бидат на трибините и да дадат поддршка на избраниците на селекторот Кирил Лазаров.
https://www.facebook.com/share/v/1AKmH72SyN/
Некои во Данска допатуваа со авион, други и со брод од околните земји, а има и такви кои со автомобил допатуваа од Македонија. Повеќе од 2.300 километри пат, но и тоа не е ништо кога се работи за бодрење на Македонија.
Фалангата веќе е подготвена, низ улиците ечат препознатливите навивачки песни за бодрење на Македонија.

„Задоволство е да играш против Данска на нивни терен пред 15.000 гледачи. Атмосферата е добра и мислам дека се наоѓаме во добра форма. Се надевам дека ќе го дадеме максимумот и ќе се покажеме во најдобро можно светло. Верувам во тимот, ако не верував немаше да работам со нив. Знаеме дека играме против најдобриот тим во Европа и светот, дадени се одредени насоки, треба да го почитуваме планот, зависи од нас, но и од противникот како ќе одигра. Се надевам на добра игра и позитивен резултат“, кажа Лазаров.
https://www.facebook.com/share/r/17DYpHLtcX/
Ниту трагедијата во Кочани која зеде 63 животи не е заборавена на натпреварот.
