Спорт

„Македонија, Македонија“ и „Излези момче“ ечеше во Мелбурн по победата на Ѓорческа (ВИДЕО)

Најдобрата македонска тенисерка во два сета ја елиминира четвртата носителка во квалификациите за Австралија опен

Лина Ѓорческа им приреди огромна радост на Македонците на трибините во Мелбурн со успешниот старт во квалификациите за Австралија опен, а тие ѝ возвратија со френетична поддршка во текот на мечот со Сиња Краус од Австрија, по кој скандираа „Македонија, Македонија“ и ја пееја навивачката песна „Излези момче“.

Најдобрата македонска тенисерка, 205. на ВТА-листата во сингл, ја елиминира четвртата носителка и 104. женски рекет во светот со 7-5, 6-0, надигрувајќи ја во речиси сите сегменти од играта.

Ѓорческа отсервира 6 аса наспроти ниту еден на Австријката, имаше реализација од дури 75 проценти на втор сервис, искористи 5/6 од брејк-шансите итн.

Во второто квалификациско коло за првиот гренслем-турнир во сезоната, закажано за в среда, 31-годишната тетовка за противничка ќе ја има Тамара Зиданшек (151.) од Словенија.

Скратена снимка од победата на Ѓорческа на линк 1 и линк 2.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

To top