Македонија

Пред 34 години Бугарија прва ја призна Македонија, денес ја блокира за ЕУ

Од пријателски, па дури и покровителски однос, се стигна до вето и максимално заладување меѓу Софија и Скопје

На 15 јануари 1992 година Бугарија стана првата држава во светот што официјално ја призна независноста на Република Македонија, за 34 години подоцна да го блокира и уценува нејзиното зачленување во Европската унија.

Тогашната влада на Филип Димитров го призна правото на самоопределување и сувереност на својот југозападен сосед, кој реши да се „раздружи“ со Социјалистичка Федеративна Република Југославија со референдумот од 8 септември 1991 година.

Софија ја призна државата, но не зазеде официјален став по прашањето за постоењето на посебна македонска нација и јазик – тема што останува чувствителна и контроверзна во билатералните односи до ден-денес.

Од пријателски однос, напати и покровителски кон „помалиот брат“, како што некои бугарски политичари ја нарекуваа Македонија, посебно во годините на ембаргото од Грција, кога нафтата место со воз од Солун доаѓаше со камионски цистерни од рафинеријата во Бургас, па до помошта со тенкови и муниција во воената 2001 година, се стигна до максимално заладување на односите со бугарското вето за ЕУ.

Од почетната позиција на незаземање официјален став за македонскиот национален идентитет во времето на претседателот Жељу Желев, кој лично се заложи за признавање на Македонија од Русија како прва членка на Советот за безбедност на Обединетите нации што го стори тоа, се дојде до отворено негирање на посебноста на Македонците и на македонскиот јазик од официјална Софија.

Врв на условувањето на почетокот на преговорите за ЕУ е ултимативното барање за впишување Бугари во македонскиот Устав, со истовремено бегање и од минимум реципроцитет во однос на Македонците во Бугарија, и покрај десетината одлуки на Европскиот суд за човекови права во нивна полза.

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

To top