Македонија

Филипче е против смена на државниот обвинител избран од СДСМ и ДУИ

Бихаќка контра избор на нов државен обвинител, за нив актуелниот кој го избраа Заев и Ахмети е добар

Лидерот на СДСМ Венко Филипче е против смена на државниот обвинител Љупчо Коцевски избран од СДСМ  и ДУИ.

 

Според реакциите од Бихаќка пратениците на СДСМ нема да го поддржат разрешувањето на државниот обвинител Коцевски затоа што според Филипче тоа било притисок.

 

Венко Филипче реагираше на предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, оценувајќи дека процесот е резултат на партиски притисоци и дека тоа ја загрозува независноста на правосудството.

 

 

 

 

„Лично не го ни познавам, не сум ничиј адвокат и не сакам да бидам. Партиски притисок за да се постават партиски луѓе значи заглавување на системот. Ова е притисок кон обвинителот, ова се случува година и пол време наназад. Се назначуваа обвинители и судии блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Не е ова Македонија што ја сакаме“, изјави Филипче.

 

Тој додаде дека СДСМ е против каков било притисок врз правосудните институции:

 

„Не бранам никого, но не е тоа што треба да се направи. Не сакам да ми ги извртат зборовите. Суштински работи се Кривичниот законик и Законот за јавно обвинителство. Дајте да ги донесеме европските критериуми, да ја донесеме европската обвинителка тука за некои случаи. Тоа е нашиот став“, вели Филипче кој не ги коментира владините аргументи за смена на Филипче.

Кои се владините аргументи на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Историски ден за психијатриската наука во Македонија – промовирани првите акредитирани учебници по психијатрија

Со издавањето на новите учебници, заокружени со денешниот настан, македонската психијатрија добива институционална зрелост – формализирана, акредитирана и систематизирана во сопствено академско издание

To top