Македонија

Д.М. (56) и К.М. (33), членови на ловечкото друштво од Неготино, од 2021-2025 проневериле 42 илјади евра од странски ловци!

ОВР Неготино до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Д.М.(56) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „несовесно работење во службата“ и против К.М.(33) од Неготино, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „несовесно работење во службата“, „уцена“ и „попречување на правдата“.

Од 2021 до 2025 година, двајцата како вработени во ловечко друштво „ЗЛД Вардар“ Неготино, издавале дневни дозволи за лов за ловишта „Корешница“ и „Бесвица“, иако немале договор за концесија за тие ловишта, односно направиле договор „закуп под закуп“ спротивно на законските одредби. Парите од гости ловци, странски државјани ловци и членарината од членовите, ги земале во готовина без да издадат соодветен документ. Дел од парите ги внесувале на сметката на друштвото како донација, а останатиот дел го задржувале за себе.

Тоа го правеле на тој начин што кога на камерите од видео надзорот забележувале лица што вршат незаконит лов им барале одреден паричен надомест да уплатат на сметката на ловечкото друштво како донација за да не ги пријават во полиција. Потоа, Д.М. во својство на претседател на друштво, и К.М., без оправданост подигнувале пари од сметката на друштвото и ги задржувале за себе. К.М. уценувал лица што вршеле незаконит лов и влијаел на сведоци во постапката за докажување на кривичното дело „уцена“ , наведувајќи ги на давање лажен исказ.


Со извршените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од 2.573.655 денари. Со судски наредби биле извршени претреси во дом и помошни простории кај двете лица, како и во просториите на ловечкото друштво, при што биле пронајдени и одземени документи поврзани со работата на друштвото. За време на тој период, дел од членовите на управниот одбор на друштвото, согледувајќи ги ваквите дејствија си поднеле оставка.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top