Македонија

Филипче го нарушува единството, Договорот со Велика Британија е транспарентен, реагираше ВМРО-ДПМНЕ

Договорот со Обединетото Кралство е транспарентен уште од самиот почеток и јавноста е запознаена. Само Венко Филипче и СДСМ ја напаѓаат Велика Британија и им смета договорот за стратешко партнерство кој ќе донесе стабилност, безбедност и развој на државата, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Филипче и СДСМ се уплашени од успехот на Владата за стратешкиот договор […]

Договорот со Обединетото Кралство е транспарентен уште од самиот почеток и јавноста е запознаена. Само Венко Филипче и СДСМ ја напаѓаат Велика Британија и им смета договорот за стратешко партнерство кој ќе донесе стабилност, безбедност и развој на државата, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Филипче и СДСМ се уплашени од успехот на Владата за стратешкиот договор меѓу Македонија и Велика Британија и затоа манипулираат, ја дезинформираат јавноста и шират лажни вести. Политички очаен потег е Филипче да ја напаѓа Велика Британија и шири инсинуации во врска со договорот. Со Договорот за стратешко партнерство Влада со Влада, се одбележува нова ера во односите меѓу Македонија и Обединетото Кралство и претставува пресвртница во стратешко инвестициско партнерство меѓу двете земји. Договорот со Обединетото Кралство е важен поради најмалку две причини. Прво, Договорот има стратешко и политичко значење и овој вид на стратешко партнерство и пријателство за Македонија ќе го вратат достоинството на државата и трасираат патот на стабилноста, безбедноста и развојот. Второ, во економска смисла има рамка која што на располагање ни овозможува околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти“, наведено е во соопштението.

Со потпишувањето на овој документ, посочено е таму, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори.

„Ќе започне нов силен циклус на економски раст. Филипче, наместо да ги навредува и критикува партнерите на Македонија и шири небулози во јавноста, треба да се извини. Заврши времето на распродавање на државните интереси. СДСМ е синоним за криминал, корупција и предавства“, наведено е во партиското соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Патиштата проодни, службите на терен – стабилно во Македонија по снежните врнежи

Сè уште е во сила забраната за движење на товарни моторни возила на планинските превои Стража и Пресека. До пладне сите патни правци на територијата на Скопје се исчистени и сообраќајот се одвива по влажни коловози, информира Центарот за управување со кризи во најновиот извештај за состојбата на патиштата.

To top