Колумни

Филипче не е Трамп

Во целото безумие што изгледа владее во таа екипа си помислив дека можеби некој го уверил дека е нешто како Доналд Трамп и може да си дозволи ваков однос

Пишува Драган Милосављевиќ
Не навлегувам, барем во овој коментар, во сите нелогичности и недугавости кои ги прави раководството на СДСМ веќе подолго време. Од опседнатоста со српскиот претседател Вучиќ, здодевните „имигрантски“ приказни, бесмислените соопштенија, одбивањето лидерски средби и така натаму. Но идејата дека е добро да се караат и расправаат со новинари и медиуми, дури без сите останати проблеми, може целосно да им се удри од глава.
Зарем навистина не ја знаат првата лекција по демократија која вели дека политичари не се конфронтираат со седмата сила никогаш и по никоја цена?
Новинарот Бранко Героски го развлекуваат, му пишуваат претставки, го навредуваат со месеци, а сега крајно непотребно удираат и по една нционална телевизија. Во кој свет живеат, еве не ми е јасно.
Можат приватно да мислат што сакаат, јас исто така приватно имам многу нешта да кажам за ехеееј колку поединци, групи и партии, но правилата за пристоен однос едноставно мора да се почитуваат. Притоа, јас лично во еден разговор со господинот Филипче добив уверување дека е подготвен да гостува во мојата емисија „Заспиј ако можеш“, дека нема ништо против Алфа и дека ќе дојде штом ќе ни се поклопат термините. Мене ми изгледаше дека е искрен и тоа со здоволство го споделив со неколку колеги. Досега очигледно термините не ни се поклопиле, не по моја вина, но еве го излегува и јавно ја навредува истата таа Алфа.
Во целото безумие што изгледа владее во таа екипа си помислив дека можеби некој го уверил дека е нешто како Доналд Трамп и може да си дозволи ваков однос. Да, точно, американскиот претседател не еднаш директно напаѓа одредени американски медиуми, но има една битна, огромна, круцијална, ултимативна разлика меѓу овие двајца политичари. Венко Филипче не е и не може да биде Доналд Трамп.
Притоа не мислам ( за да не побрзаат со хехенца од типот „Венко па не ни сака да биде Трамп“) на карактери, импулси, разлика во имот, политички бекграунд, животна филозофија. Мислам на едноставниот факт дека Трамп е на позиција претседател на САД и поради тоа, што исто така е голема грешка, може да си дозволи луксуз да се конфронтира со….па со кого сака по се изгледа. Филипче пак е претседател на опозициска партија во Македонија, партија со најнизок рејтинг во нејзината историја, а и неговиот личен рејтинг меѓу граѓаните и сосем реално во самата СДСМ е далеку, далеку од задволителниот минимум.
Не им солам памет на луѓето од „Бихаќка“, не е моја работа дали свесно или несвесно одат кон претворање во вторкласен политички субјект, но за односот кон медиумите и новинарите имам право да им порачам дека дебело грешат и дека таа грешка ќе ги следи засекогаш, дури и кога ќе престанат да се занимаваат со политика.
Би било убаво да најдат доблест и
да се извинат, да свртат нов лист
(наместо напамет да повторуваат како
„ја научиле лекцијата и пораката
од граѓаните“) и да почнат да се
однесуваат како што доликува. После речиси четири децении
плурализам не треба да им биде тешко
да разберат оти некој може и смее да
размислува поинаку од нив и дека тој
некој може да го каже тоа, притоа
дозволувајќи им и тие самите даги
изнесат своите аргументи на било
која тема. Ова што го гледаме сега, за жал, не се аргументи туку немоќно врескање и лутење на мало дете кое не ја добива посакуваната играчка наречна власт.
Не одат така работите.
Сепак не сте мали деца.
Но изборот сепак си е ваш.

Најнови вести од: Колумни

Седум години од „преспанските“ амандмани“ за бришењето на името Македонија, што не успеал никој трајно да го стори, па ниту Грците!

Кога-тогаш ќе дојде времето кога ќе може и кога ќе мора да бидат разурнати и „преспанската пештера“ и „санстефанската пештера“, во кои се фрлени во пранги Македонија и македонскиот идентитет. Тие „пештери“, Македонците мора да ги разурнат и да се разгрне небото, за да блесне на него шеснаесеткракото македонско сонце од Кутлеш, сонцето на македонизмот! Како што во Уставот пред седум години се избришало името Македонија, така ќе треба во време соодветно, во време политички оптимално и од домашен и од меѓународен аспект, да бидат вратени назад името Македонија и придавката „македонски“ во тој највисок правно-политички акт на македонската држава.

Делото на Славко Јаневски како потресно книжевно сведоштво за морничавата игра со македонската национална судбина

Денес се навршуваат 106 години од раѓањето на Славко Јаневски, основоположник на македонската современа литература и автор на првиот роман на македонски јазик – „Село зад седумте јасени“, објавен во 1952 година. Славко Јаневски ѝ припаѓа на првата генерација македонски писатели по војната. Од рана возраст почна да се занимава со литература и сликарство. Овој трагач и истражувач по македонската вистина по шест децении неуморно творештво остави зад себе 15 романи, 11 книги поезија, 6 книги раскази, 8 книги за деца и голем број непубликувани во посебни книги препеви, книжевни и политички есеи и полемики, односно повеќе од 40 книги оригинално книжевно творештво. Јаневски е автор на знаменитата песна „Цветови“ во чест на 12-те млади Македонци, стрелани и масакрирани на 16.6.1943 од бугарската војска кај Ваташа. „Цветови“ останува трајно врежана во македонската национална колективна меморија како моќен поетски симбол на македонската младост и борбата на македонскиот народ за слобода. „Неговото дело беше и остана видовито, пророчко и, истовремено, потресно литературно сведоштво за морничавата игра со македонската национална судбина. Славко Јаневски со своите книги и денес стои како жива стража на духот на оваа земја, како пророк на една неизвесна иднина, во која влегува човечкиот род, како книжевен волшебник, кој ни остави дело, што ја вознесува во големиот свет на светската книжевност литературата на една мала земја, која често сама и осамена, но упорно се пробива со својот дух и творештво на големиот светски мегдан.“ – има кажано академик Георги Старделов во своите сеќавања за Славко Јаневски.

Симон Дракул: Македонија е убавина, што боли, таа е бол, на која сме сме ѝ должни!

На денешен ден се навршуваат 27 години од смртта на Симон Дракул, знаменитиот македонски раскажувач, романсиер, драмски автор,историчар, на човекот, кој нѐ потсетуваше во своите дела и филмски сценарија на историските и судбински премрежја, низ кои од искона минувала расчеречена и страдална Македонија, како наша непрестајна болка, на која ќе ѝ бидеме секогаш должни со своите дела да ја штитиме и да се бориме за неа. На своето родно Лазарополе, но и на својата татковина, овој патриот и книжевен и историски деец за вистината за Македонија им го остави записот, кој е и своевидно прозно завештание, оставено на сите нам, секогаш да го исполнуваме својот индивидуален, личен долг кон татковината и македонската кауза: „Утро во Лазарополе! Тоа е Македонија. Тоа е таа убавина,што боли. Тоа е таа бол, на која сме ѝ должни!“

Ова се опасни времиња – да ги збиеме редовите

Противник сум на параноја и гледање опасност од сите страни, ама во исто време сигурен сум дека не смееме да се однесуваме индиферентно и да се залажуваме со илузии дека сме премногу мали и неважни па со самото тоа и безбедни во вртлогот на промените кои се случуваат на светската сцена

Војдан Чернодрински: Никогаш да не се заборави македонскиот јазик на нашите прадедовци и на кој ќе зборуваат и сите идни поколенија во Македонија!

Македонскиот драматург Војдан Чернодрински среде Софија пред 125 години ја изведе „Македонска крвава свадба“, својата прва драма на македонски јазик, за кој денес таа иста Софија вели дека „не постои“, или дека „е достапен јазик“, или го прикажува со брутални фалсификати како да е „дијалект на бугарскиот јазик“! Премиерно изведена во главниот град на Бугарија во 1900 година, „Македонска крвава свадба“ стана симбол на македонската борба за национална афирмација и културна самобитност на македонскиот народ, но и трајно сведоштво за постоењето и творечките дострели на македонскиот јазик. Војдан Георгиев Чернодрински е првиот македонски драмски автор, во чии дела прозвучува македонскиот јазик. Неговата заложба за почитување на македонскиот јазик ја практикувал и во неговата театарска група.  Сите негови драмски дела обработуваат теми и проблеми од секојдневниот живот на Македонците и борбата за слобода. Со своите патриотски ставови за македонскиот јазик и идентитет здобил големи симпатии кај македонскиот народ. Денес се навршуваат 75 години од смртта на Војдан Поп Георгиев Чернодрински, кој се вложи себеси и своето творештво во служба на македонската кауза, на македонскиот јазик и идентитет.  

Митрополитот Теодосиј Гологанов, деец за автокефалноста на МПЦ-ОА и борец против бугарско-грчките напади врз црковниот и национален идентитет на македонскиот народ

Денес, кога го прославуваме големиот православен христијански празник Божиќ – Рождеството Христово во манастирите и црквите на Македонската православна црква како наследничка на древните Охридска архиепископија и Јустинијана Прима, ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон црковно-националните дејци, кои се вложија себеси и својата дејност за возобновувањето на автокефалноста на денешната Македонска православна црква – Охридска црква и на црковно-народните традиции на македонскиот народ. Еден од тие дејци е и митрополитот Скопски Теодосиј Гологанов, роден со световното име Васил Гологанов, токму на Божиќ, на 7 јануари 1846 година во селото Трлис во Серско, во Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција. Наша дури и своевидна национална должност е да го чуваме Гологанов засекогаш во своето колективно национално паметење како народ, да ги чуваме личноста и дејноста на овој духовник, македонски национален деец, црковен писател и борец за обновување на Охридската архиепископија и за создавање самостојна македонска национална држава. Ова дотолку повеќе што дури и во „слободната светска енциклопедија“ Википедија на англиски јазик за него се напишани дрски и примитивни фалсификати дека, наводно, бил „бугарска религиозна фигура“ и оти „учествувал во борбата за автономна Бугарска црква“!

To top