Македонија

Филипче нуди стари кадри како нови лица

Александар Наумоски и Драган Крајовски се старо-новите лица во Извршниот одбор на СДСМ

Колку и да се обидуваат да ја прикажат како обнова, сликата за СДСМ е јасна, а тоa е дека СДСМ е партија што не тоне од грешки, туку од сопствената убеденост дека јавноста нема меморија и дека истите луѓе на Заев можат повторно да се продадат како решение, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Александар Наумоски и Драган Крајовски се старо-новите лица во Извршниот одбор на СДСМ и ова докажува дека не е кадровска одлука, туку признание дека СДСМ нема намера да се откаже од моделот на Заев. Наумоски, поранешен градоначалник на Ѓорче Петров, дозволи во својот мандат граѓаните да се соочуваат со недостиг на вода, деца за кои немаше место во градинките низ општината и со депонија што со години беше проблем. Но, затоа уште првиот ден од мандатот најде време да си ја зголеми градоначалничката плата и да се обиде да протурка 25 урбанистички планови последните 6 месеци, со брзина што никогаш не ја покажал кога станувало збор за јавен интерес“, соопшти партијата.

Тендерските шеми го следеа неговиот мандат, се додава во соопштението, вклучително и набавката на две машини за перење за градинка, по цена од 25.500 евра од фирма која редовно добивала тендери.

„Крајовски, пак, како директор на затворот „Црн мост“ во Битола, го демонстрираше она што СДСМ најмногу го цени, способноста да се молчи. Молчеше кога во ќелија изби пожар и беше повреден затвореник, молчеше кога европските пари за реновирање завршија во објект што почна да се распаѓа по две години и молчеше кога службените возила ги користеше за приватни патувања во Албанија и во Србија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

И потоа, се додава, со сериозно лице и ароганција по телевизиски настапи, Венко Филипче сето ова го претставува како „реформски капацитет“ и комплетно ја потценува јавноста.

„Очигледно Филипче сака да порача дека не бара излез од моделот на Заев, туку преку тоа што се обидува да продава стари лица како нова енергија, се обидува да го нормализира влијанието на Заев во партијата. СДСМ очигледно одамна се откажа и од логика и од срам, а овие две старо нови лица се показател дека во партијата ништо не е сменето“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top