Македонија

Филипче во паника поради конгресот се пресметува со членови на СДСМ: По Шилегов,Шиповиќ, Богдановиќ на ред дојде и Деспотовски

По нападите врз поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов и други критичари кои побараа оставка од лидерот Венко Филипче, Центарот за комуникации на СДСМ се насочи кон Јован Деспотовски, поранешен кандидат за претседател на партијата.

facebook.com/filipce.venko

Според плусинфо во СДСМ ескалира внатрешната криза по серијата критики од истакнати поранешни и актуелни членови кон раководството и начинот на комуникација на партијата.

По нападите врз поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов и други критичари кои побараа оставка од лидерот Венко Филипче, Центарот за комуникации на СДСМ се насочи кон Јован Деспотовски, поранешен кандидат за претседател на партијата.

Повод е авторска анализа на Дојче Веле од новинарката Катерина Блажевска под наслов „Како речникот на СДСМ го убива имиџот на партијата“, во која Деспотовски отворено го критикува агресивниот и несоодветен јазик во партиските соопштенија.

„Во право сте кога забележувате промени во последно време. За жал, не се само новинарите, односно медиумите, тие што генерално го забележуваат тоа, туку и поширок круг на наши сограѓани. Нема да коментирам одделни случаи, изнесени политички ставови, ниту „цели“ на овие соопштенија. Но, отворено ќе кажам дека јазикот што сега се користи, помалку личи на оној СДСМ, кој сите искрени членови и поддржувачи, па и пошироката јавност сака да го види повторно“ – изјави Деспотовски за Дојче Веле.

Тој нагласи дека таквиот пристап не е вистинскиот начин за враќање на довербата кај граѓаните.

На денешниот брифинг со новинарите, лидерот Венко Филипче, без директно да го спомене Деспотовски по име, обвинува дека зад критиките стои организирана акција на ВМРО-ДПМНЕ за уривање на СДСМ одвнатре.

„Наши поранешни функционери, еден поранешен функционер, други двајца, претходно едниот којшто не се појавил во јавноста со години, некои луѓе коишто не се веќе во партијата, туку заминале во предавничката ЗНАМ, сега наеднаш во овој момент излегуваат и се активираат и се гласни на јавните мрежи“ – рече Филипче.

Центарот за комуникации на СДСМ подоцна издаде соопштение во кое развива теории на конспирација, тврдејќи дека критиките се дел од кампања за дестабилизација на партијата „одвнатре“, координирана од центарот на СНС (владејачката партија во Србија).

Партијата го обвини Деспотовски дека неговите изјави за Дојче Веле се координирани со „порталот на Геро “, бидејќи текстот таму бил објавен кратко по анализата на Дојче Веле.

Филипче дополнително ја обвини актуелната власт за имитација на стилот на српскиот претседател Александар Вучиќ, нарекувајќи го премиерот Мицкоски „малиот Вучиќ“, но и вакви слични обвинувања за „српско влијание“ СДСМ претходно ги упати и кон поранешниот градоначалник на Центар Саша Богдановиќ, кого го нарече „координатор на СНС за Македонија“.

Познавачи на приликите во СДСМ овие напади ги врзуваат со нервоза во раководството пред партискиот конгрес најавен за 24 јануари 2026 година.

Целата вест можете да ја прочитате на порталот на плусинфо

 

 

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top