Македонија

Филипче во стилот на Бошко Буха, најави дека ќе има нови бомби (ВИДЕО)

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, најави радикална промена во борбата против корупцијата: партијата повторно ќе „пушта бомби“, но овој пат тие ќе бидат кривични пријави против актуелни функционери од владејачката гарнитура

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, најави радикална промена во борбата против корупцијата: партијата повторно ќе „пушта бомби“, но овој пат тие ќе бидат кривични пријави против актуелни функционери од владејачката гарнитура. Наместо нелегално прислушкувани разговори, овие „бомби“ ќе ги подготвуваат млади партиски активисти, кои Филипче ги нарече „нова сила“ – генерација подготвена да ги разоткрие корупциските шеми.

На денешната прес-конференција, Филипче упати отворен повик до главната европска обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија и лично да се запознае со, како што рече, „малверзациите што ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските фондови“. Тој најави и покана за италијански антикорупциски експерти со искуство во борбата против мафии, уверувајќи дека штом ја победиле Коза Ностра, ќе ја совладаат и „мафијата на ВМРО-ДПМНЕ“.

– СДСМ ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да се запознае со малверзациите со европските фондови, меѓу кои и тоа што е веќе јасно, ИПАРД програмата во која се загрозени 130 милиони евра. Власта единствено нешто што прави со скандалот со ИПАРД е да ја дефокусира јавноста. Наместо одговорност после апсењето на директорот во Агенцијата за финансиска поддршка, член на ВМРО-ДПМНЕ, гледаме само спинови и обвинувања кон опозицијата. Не е ова темен вилает на ВМРО-ДПМНЕ да си играат со судбината на Македонија и со европската иднина на граѓаните – рече Филипче.

Втората клучна иницијатива е формирањето на антикорупциски тим во рамките на партиската програма „Нова сила“. Овој тим ќе биде составен од експерти и советници од областа на правото и финансиите, но пред сè од млади активисти и истражувачи на СДСМ. Неговата задача ќе биде да истражува скандали, да ги разоткрива корупциските шеми и да поднесува кривични пријави до национални и меѓународни институции.

– Превенцијата не успеа, корупцијата ескалираше. Секој што крадел ќе одговара. Ние ги спремивме новите бомби, 2.0, утре ќе објавиме нова, за нов скандал и корупциска шема на владејачката гарнитура – рече Филипче.

Овие најави доаѓаат во време на зголемени тензии околу скандалот со ИПАРД, каде што се загрозени 130 милиони евра европски средства, и апсењето на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка, кој е член на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче ги обвини властите дека наместо одговорност, се обидуваат да ја дефокусираат јавноста со спинови и обвинувања кон опозицијата.

 

СДС најавува „бомби за ВМРО ДПМНЕ“, но што кога ним ќе им пукнат во дворот „обвинителските бомби“ за пљачкањето на државниот буџет?!

Најнови вести од: Македонија

Бошков: Бизнис конфедерацијата на Македонија генерално е „за“ минимална плата од 500 евра

Претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков вели дека се генерално „за“ минимална плата од 500 евра, но со одредени исклучоци, особено кај самостојните вршители на дејност и микро и малите компании кои сами за себе обезбедуваат работа и плата. „Нам ни е многу битен образот и конкурентноста и ние мораме да се договораме […]

СДС најавува „бомби за ВМРО ДПМНЕ“, но што кога ним ќе им пукнат во дворот „обвинителските бомби“ за пљачкањето на државниот буџет?!

Крадците од СДСМ почнуваат да викаат „Секој што крадел ќе одговара“, ем и се закануваат со „бомби за разоткривање на корупциска шема на ВМРО ДПМНЕ“, но што ќе биде кога ќе им се исполни желбата да одговара секој што крадел, па да бидат токму тие што ќе одговараат?! Што ли ќе им се случи кога ќе почнаат да „експлодираат“ набргу „обвинителски бомби“ за „шемите“ на Заев, Филипче и другите од „бомбашката компанија со лепливи прсти“ од Бихаќка?!

„Безбеден град“ преполови брзи возачи за 24 часа – но не и пијаните

Алкохолот останува еден од најголемите непријатели на безбедноста во сообраќајот во Македонија. Иако новиот систем „Безбеден град“ драстично ги намали прекршоците за брзина и поминување на црвено светло, камерите не можат да детектираат пијани возачи – тој ризик и натаму зависи исклучиво од свеста на возачите и од контролите на сообраќајната полиција со дрегер.

Муцунски: Политичките блокади ја поткопуваат доверливоста на проширувањето на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Виена истакна дека Македонија е доверлив партнер на Европската унија и оти придонесува кон европската безбедност и енергетска стабилност.

Николовски: Одамна заслуживме да ги почнеме преговорите за членство, ЕУ да постави јасна визија за Македонија!

„Во однос на уставните измени клучно прашање е дали нивното усвојување е последниот услов, или пак за неколку години повторно ќе ни се стави вето. 
Мора да има извесност во процесот и мора да знаеме кога ќе почнеме да преговараме и кога ќе ги завршиме преговорите, нормално доколку ги реализираме реформите, коишто ги бара ЕУ.“ – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за МИА во Брисел, каде учествуваше на „Самитот ЕУ-Западен Балкан“ во организација на тинк тенкот Пријатели на Европа.

To top