Македонија

„Безбеден град“ преполови брзи возачи за 24 часа – но не и пијаните

Алкохолот останува еден од најголемите непријатели на безбедноста во сообраќајот во Македонија. Иако новиот систем „Безбеден град“ драстично ги намали прекршоците за брзина и поминување на црвено светло, камерите не можат да детектираат пијани возачи – тој ризик и натаму зависи исклучиво од свеста на возачите и од контролите на сообраќајната полиција со дрегер.

Алкохолот останува еден од најголемите непријатели на безбедноста во сообраќајот во Македонија. Иако новиот систем „Безбеден град“ драстично ги намали прекршоците за брзина и поминување на црвено светло, камерите не можат да детектираат пијани возачи – тој ризик и натаму зависи исклучиво од свеста на возачите и од контролите на сообраќајната полиција со дрегер.

Статистиката за последните четири години и првите девет месеци од 2025 година покажува загрижувачки пораст на возењето под дејство на алкохол во поголемите градови. Скопје традиционално е на врвот: од 2.450 евидентирани прекршоци во 2021 година, бројот скокна на 4.000 во 2023 година. Сличен раст бележат и Куманово (од 1.180 на 1.905), Струмица (од 818 на 1.626) и Велес (од 978 на 1.407). Охрид е единствениот поголем град каде што во 2024 и 2025 година се забележува благ пад по пикот од 1.110 прекршоци во 2023 година.

Само во периодот јануари – септември 2025 година низ целата држава се регистрирани 7.355 пијани возачи, од кои најмногу повторно во Скопје (1.312), Куманово (1.104) и Струмица (1.081).

За разлика од алкохолот, системот „Безбеден град“ веќе дава видливи резултати. Во првите 24 часа од тест-периодот на 1 декември камерите евидентирале 110.000 прекршоци, но веќе следниот ден (2 декември) бројот падна на 50.652 – преполовување за само еден ден. Од нив дури 48.861 се за пречекорување на брзината, 1.366 за поминување на црвено светло и 425 за нерегистрирани возила. Најголемата измерена брзина изнесувала 209 км/ч.

Од МВР истакнуваат дека возачите брзо се прилагодуваат: штом сфатиле дека опомените се реални, драстично го намалиле прекршувањето. „Жешките точки“ за брзо возење се наоѓаат на излезот од Скопје кон Тетово и на булевар „Никола Карев“, додека најмногу црвени светла се поминуваат на раскрсницата „Цветан Димов“ – „Џон Кенеди“.

Во текот на декември возачите добиваат само предупредувања. Од јануари 2026 година системот влегува во целосна примена, без толеранција и со казни согласно последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Засега со камери се опфатени Скопје, Тетово, Куманово и автопатите по коридорите 8 и 10, а до средината на 2026 година целата територија на државата ќе биде под видео-надзор.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top