Македонија

Филков: Изгубената партија СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство и само на збор се залага за европска иднина!

Поради отсуството на СДСМ беше одложена четвртата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, процес од кој директно зависи кредибилитетот на изборите и довербата на граѓаните, изјави министерот за правда Игор Филков. „Ова е доказ дека нивните заложби за европска иднина се само декларативни, а реалноста е нешто сосема спротивно. – нагласи Филков.

Министерот Филков информираше дека политичките партии доставиле дополнителни забелешки и коментари на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. „На маса беа и предлозите на институциите, вклучени во изборниот процес, со кои во изминатиов период како Министерство за правда имавме конструктивни средби: Државната изборна комисија, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата за администрација и независните граѓански иницијативи. Но, она што денес изостана е токму она што е најпотребно – политичка зрелост. Не може да зборуваме за фер и демократски избори, а истовремено да не учествуваме во процесот, кој треба да ги обезбеди тие стандарди. Демократијата подразбира дијалог, компромис и заедничка одговорност.“ – реагираше Филков.

Според него, „денеска можеше да се види вистинското лице на изгубената политичка партија“, „Оваа партија со низа погрешни потези, водени од тесногради партиски интереси, свесно ја блокира реформската агенда и го кочи европскиот напредок на државата. СДСМ избраа да не бидат дел од процесот во момент кога се донесуваат суштински одлуки. Ова е доказ дека нивните заложби за европска иднина се само декларативни, а реалноста е нешто сосема спротивно.“ – нагласи Филков.

Тој посочи дека ова не е прв пат СДСМ вака да се однесува. „Во Собранието го блокираа и клучниот реформски Закон за Јавното обвинителство, иако беа прифатени дел од нивните амандмани. Со ваквите крајно срамни и неодговорни политики реформите се држат во заложништво на тесно партиските интереси, а европската иднина на нашите граѓани во неизвесност. Со досегашното неодговорно однесување на СДСМ и неучеството во работната група за реформи во изборното законодавство директно се загрозени 4,3 милиони евра, а со блокадата на Законот за јавното обвинителство во Собранието уште 6, 4 милиони евра. Тоа се пари, кои можат да го олеснат реформскиот процес и да ги подобрат состојбите во правосудството за секој граѓанин.“ – посочи министерот за правда Игор Филков.

Најнови вести од: Македонија

Собранието го усвои Законот за игри на среќа – 500 метри оддалеченост од училишта и строги правила за реклами

Со овој Закон е воведувањето задолжителна одалеченост од 500 метри помеѓу објектите на среќа и училиштата, како и регулирањето на давањето подароци, т.н „giveaway“ активности.

В среда последно збогум за Владо Јаневски

Јаневски беше првиот македонски претставник на Изборот за песна на Евровизија во 1998 година со песната „Не зори зоро“, а во текот на кариерата доби бројни признанија, меѓу кои и наградата за трајни музички вредности на годинашното издание на „Златна бубамара на популарноста“.

To top