Македонија

Фискалните биланси во 2025 година се влошија во речиси сите економии на Западен Балкан, освен во Македонија – констатира ЕК

Економскиот раст на Западен Балкан значително забави во првиот квартал од 2025 година

Економскиот раст на Западен Балкан значително забави во првиот квартал од 2025 година, наведува Европската комисија во извештај. Реалниот раст на БДП во регионот е намален на 2,3 проценти, од 3,3 проценти во претходниот квартал.

Сите држави забележаа помал раст отколку во претходните три месеци, а Србија, најголемата економија во регионот, имаше најголемо забавување на растот на производството, од 3,3 на два проценти.

Сепак, Македонија, Албанија и Косово беа над границата од три проценти, според извештајот за економијата на земјите кандидати или потенцијални кандидати за членство во ЕУ.

Економскиот раст беше поттикнат од домашната побарувачка. Потрошувачката остана клучен придонесувач за растот во првиот квартал од 2025 година. Потрошувачката на домаќинствата беше придружена со континуиран висок раст на платите низ целиот регион. Понатаму се наведува дека динамиката на трговијата генерално се карактеризираше со поголем увоз во споредба со извозот, што доведе до негативни придонеси на меѓународната трговија кон растот на БДП.
Стапката на невработеност се намали во повеќето земји од регионот во првите три месеци од 2025 година. Невработеноста во регионот беше на историски најниско ниво, но сепак повисока отколку во ЕУ.

Во согласност со намалувањето на економската активност, растот на вработеноста се забави на 0,2 проценти во Западен Балкан.

Во четирите квартали до март, нето приливот на странски директни инвестиции се намали во повеќето земји во регионот, особено во Македонија и Србија, во споредба со 2024 година.
Девизните резерви се намалија во некои земји во регионот.

Просечната годишна инфлација се забрза на 3,7 проценти во првиот квартал од 2025 година.
Инфлацијата во вториот квартал од оваа година, се движеше се од 2,3 проценти во Албанија до 4,3 проценти во Црна Гора.

И покрај силниот раст на приходите, буџетските расходи пораснаа со побрзо темпо, а фискалните биланси се влошија во речиси сите економии на Западен Балкан во првите пет месеци од 2025 година, освен во Македонија.

Во Турција, годишниот економски раст дополнително се забави на два проценти во првиот квартал од 2025 година.

Најнови вести од: Македонија

Трифуновски: Органодарителството како најтешка одлука, остава најсилна светлина позади себе

Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, апелира за унапредување на органодарителството

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии, СДСМ манипулира со јавноста

Министерката ги демантираше и тврдењата дека ќе се зголеми партиципацијата за сместување во студентските домови, нагласувајќи дека тоа не е предвидено во законските измени. Таа најави и ново законско решение со кое државата ќе ги преземе платите на вработените во студентските домови, со цел да се намали финансискиот товар врз студентите.

(Фото): Цела недела нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Македонија влегува во период на променливо и нестабилно време, со сончеви паузи, но и со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според временската најава на УХМР, локално процесите може да бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и силен ветер над 60 километри на час. Нестабилноста ќе се прошири на повеќе места кон петок и за време на викендот.

To top