Македонија

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Најсликаниот на новогодишниот коктел на СДСМ не е член на партијата

Видливо отсуство на видни функционери на СДСМ на новогодишниот прием на Бихаќка

Социјалдемократскиот сојуз денеска објави дека организирал новогодишен прием.

,,✨ Празничен новогодишен коктел на СДСМ и дружба во пријатна атмосфера. Со единство, нова сила и нова енергија започнува новата година за социјалдемократското семејство. Заедничката борба за правда, демократија и економски напредок продолжува! ✊”, објави партијата.

Според фотографиите објавени на социјалните мрежи на настанот недостасуваат многу од луѓето по кои партијата порано беше препознатлива во јавноста а присутни се луѓе кои се речиси непознати за пошироката јавност.

На фотографиите покрај лидерот Филипче доминира Љупчо Балковски член на ВМРО- Народна на Љубчо Георгиевски кој за разлика од првенците на СДСМ кои се појавуваат по еднаш го има на дури 4 од вкупно 40 фотографии.

Меѓу видните луѓе на СДСМ што ги нема на објавените фотографии се три актуелни пратенички, Сања Лукаревска и екс министерките за одбрана и култура, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска Стојчевска.

Ја нема ниту професорката Ана Чупеска која го водите Советодавниот совет на СДСМ.

Сите фотографии на линкот на СДСМ

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top