Македонија

ФОТО и ВИДЕО: Разбиена мрежа за криумчарење цигари, кривична пријава за петмина

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со акцизна стока – цигари. Против пет лица, меѓу кои еден возач и еден сопственик на транспортна компанија, до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела: криумчарење и прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска […]

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со акцизна стока – цигари. Против пет лица, меѓу кои еден возач и еден сопственик на транспортна компанија, до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела: криумчарење и прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

Во моментот кога првоосомничениот, возач на транспортна компанија, се обидел да направи примопредавање на цигарите во количина од 171 штека за што требало да му бидат исплатени кеш средства од 3.735 евра од нарачател на делото, истите се приведени од мобилен царински тим, а цигарите и девизите се запленети.

По преземени предистражни дејствија од Одделението за истраги, при што извршени се и претреси на домовите како и форензичка анализа на мобилните уреди на сторителите, поднесена е кривична пријава до ОЈО.

Истрагата покажа дека организираната мрежа на повеќе наврати го повторува делото – штеки цигари се купувани од грчки фри шоп и истите без да се пријават и за нив да се платат давачки, нелегално се внесувале во државата. Делото го вршат преку користење на товарно моторно возило – цистерна натоварена со нафта.

Укажуваме дека секој обид за криумчарење е казнив по закон и истиот ќе биде најстрого санкциониран.

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Кичево Јовановски со новогодишна порака заеднички да се продолжи напред со многу позитивна енергија!

„За прв пат во Кичево новогодишната ноќ ја дочекавме заедно сплотени, насмеани и исполнети со надеж и покрај значително студеното време. Ова не беше само прослава, туку почеток на една нова традиција, која ќе ја негуваме и ќе ја правиме уште поголема и уште подобра, поорганизирана.“ – објави градоначалникот на Кичево Александар Јовановски на својот […]

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

To top