И сабота е работен ден кога станува збор за интересите на мојот народ, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој сподели дека денес се отворени вратите на Град Скопје за сите граѓани кои побарале прием да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози.
- „Со дел од нив остваривме и телефонски разговори, затоа што секој глас е важен и секоја порака заслужува внимание“, истакна тој во објавата на Фејсбук.
Она што го мотивирало најмногу бил добриот збор и поддршката што ја слушнал од граѓаните, за кои вели дека искрено му кажале дека ретко кој градоначалник во минатото лично ги побарал, сослушал и примил.
- „Тоа е огромна чест, но и моја обврска! Како што ветив – градот е отворен за сите. Без бариери, без затворени врати, без игнорирање. Секој проблем е забележан, секој предлог е запишан. На проблемите ќе им погледнеме директно во очи и заедно, чекор по чекор, ќе ги решаваме“, објасни Ѓорѓиевски и порача дека и тој и Град Скопје остануваат достапни, присутни и на страна на граѓаните.
Додаде дека средбите продолжуваат во текот на целиот ден, а доколку има потреба, ќе се продолжело и утре.