Македонија

(Фото): Ќе има ли раст на работничките, а кратење на функционерските плати?!

Синдикатите бараат итно зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарен раст од сто евра за сите други, додека Владата застапува модел на постепен раст. Формулата што ја предлага Владата предвидува кумулативно зголемување од околу 40 проценти до 2028 година, со годишни нивелации меѓу седум и осум проценти.

Сојузот на синдикати на Македонија поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80 отсто. Иницијативата е поднесена до Собранието и до сите пратенички групи. Во иницијативата, објавена од ССМ на нивната фејсбук-страница, се вели дека членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се менува и се додава дека основицата за пресметување треба да е минималната плата, според податоците на Државниот завод за статистика.

Во членот 2 од иницијативата се додава дека коефициентите за утврдување на надоместокот на плата на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица се намалуваат за 40 проценти.

Од Владата, пак, излегоа со формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата.

  • Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следува покачувањето на платите на административците, етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата – посочи премиерот Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека во разговорите, дел од раководството на ССМ се повикува на Општиот колективен договор што го има потпишано Синдикатот со претходната Влада, кој, иако е истечен, во преодните и завршните одредби стои дека тој е во функција сè додека не биде потпишан нов колективен договор. Појасни дека поради различно толкување на начинот на утврдување на висината на платите во јавната администрација, може да резултира со проблеми во пресметувањето, така што Владата, поради тоа, предлага унифициран образец според кој би се утврдувала висината на личните доходи.

  • Доколку ја примениме оваа формула, тогаш, при исплатата на личните доходи, ќе се создаде какофонија, бидејќи постојат неколку документи што ја дефинираат платата, кои може да се толкуваат различно. Ние сакаме унифициран образец по кој ќе се исплаќаат платите за администрацијата. Еден од трите члена каде што се дефинираат платите во Општиот колективен договор да го суспендираме и во периодот додека важи овој договор што ќе го постигнеме, да преговараме за нов општ колективен договор. Тоа е некаде три години. Јас ценам дека за три години, ако се седне, ќе се направи многу повеќе отколку нова верзија на Општиот колективен договор. Доволно сме зрели и одговорни и мислам дека е тоа сосема доволно време – рече Мицкоски

Инаку, функционерите сега со февруарската плата која ќе ја добијат во март треба да добијат по 200 до 300 евра покачување на платите, односно за процентот колку што пораснала просечната плата минатата година. Државниот завод за статистика на 20-ти февруари треба да го објави податокот за декември, но според проценките на аналитичарите таа лани има раст за над 9 проценти.

 

Најнови вести од: Македонија

Град Скопје со 30 милиони денари ги проширува капацитетите на „Лајка“

Градоначалникот упати апел до граѓаните да бидат активен партнер во овој процес и секоја појава да ја пријавуваат, бидејќи само со заедничка акција може да се воспостави функционален и одржлив систем.

ТВ Канал 5: Објавена е пречкртана фотографија на Александар Видиновски со „наскоро“, што може да се толкува и како нова закана и повик за убиство!

„Продолжува серијата напади врз новинарот на ТВ Канал 5 Александар Видиновски.“ – објави ТВ Канал 5 во својата фото-вест со наслов „Дали е ова закана за убиство на нашиот колега Александар Видиновски?“

Лога: Државата треба да им помогне на Ромите со финансирање, за да добијат возачки дозволи

Во врска со протестите на дел од граѓаните од ромска националност, поради неколкуте одземени возила п, од причини на немање возачки дозволи, поранешниот министер за правда и поранешен член на АА Кренар Лога изјави дека „државата треба да им излезе во пресрет при нивното барање да полагаат возачки испити“.

Алиу: Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хирургиски интервенции – Пациентите ќе знаат колкава е листата за чекање

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го претстави новиот модул за електронска евиденција за селективни хирургиски интервенции во јавните здравствени установи. Пациентите што имаат закажано вакви интервенции преку порталот ќе може да видат кога им е закажана интервенцијата и да видат колку е долга листата на чекање. Алиу појасни дека на јавниот портал, кој се наоѓа на веб-страницата на Министерството, ќе биде достапна листа на закажани селективни хирургиски интервенции, со јасна категоризација на интервенциите и стандардизирани правила за внесување и ажурирање на податоците.

Скопските занаетчии се против минимална плата од 600 евра, оти „драстично ќе ги зголеми придонесите за плати“

„Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени.“ – смета Занаетчиската комора – Скопје.

ВМРО ДПМНЕ: Ако има СДС докази за поврзаност на лица од власта со 5 тони дрога да ги достави до ЈО! Проверија во фабриката за марихуана кај Заев?!

„Ако има СДС докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога нека ги достави до ЈО, во спротивно ќе добие тужба. СДС веќе ја претера. Навикнати сме на лаги, манипулации, шпекулации и ширење на невистини од нивна страна, но ова веќе ја прелea чашата.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

To top