Македонија

(Фото): Македонските државјани кои се во Мексико итно да ја напуштат државата поради немирите

Министерството за внатрешни работи ги повика македонските граѓани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат државата поради влошената безбедносна состојба. Од МНР препорачуваат одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Како што се наведува во соопштението на МНР и НТ, во исто време се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

  • Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: globalsos@mfa.gov.mk, како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: washington@mfa.gov.mk, наведуваат од Министерството.

Оттаму додаваат дека Министерството континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста.

Насилства избија во Мексико откако војската го уби најбараниот човек во земјата во акција за негово апсење поддржана од САД. Немесио Осегуера Сервантес познат како Ел Менчо, кој беше водач на озлогласениот картел Халиско нова генерација (ЦЈНГ), почина откако беше тешко ранет во судирите помеѓу неговите поддржувачи и војската.

Мексико се соочува со бран насилства и блокади, по убиството на Немесио Осегуера, познат како Ел Менчо, водач на моќниот Картел на новата генерација Халиско (ЦХНГ), кој беше убиен за време на воена рација. Операцијата предизвика насилна реакција од картелот. Членови на банди во неколку држави, вклучувајќи ги Халиско, Мичоакан, Агваскалиентес, Тамаулипас и Гванахуато, ги блокираа патиштата со запалени автомобили, камиони и автобуси. Пожари беа подметнати и во аптеки и мали малопродажни продавници. Во градот Пуерто Ваљарта на брегот на Пацификот, кој е популарен меѓу туристите, на видео објавено на интернет се гледаат запалени автомобили и големи црни облаци чад што се издигаат меѓу зградите. Властите ги повикаа луѓето да се засолнат. 

Најнови вести од: Македонија

Изборот на наследник на Бислимовски во собраниска процeдура

За местото претседател на РКЕ конкурираат двајца кандидати – Ацо Ристов, дипломиран електроинженер, кој во периодот од 2021 до 2025 година бил градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, магистер по економски науки, вработен во Регулаторната комисија за енергетика

To top