Македонија

(Фото): Панчевски за СЈО: Во светот можеш се да купиш и бут и врат и кременадла, образ никој не продава

Животот не е 4 години, не е ни 6, не е ни функција, ни власт, животот е долг и полн со искушенија од нечесни луѓе, лажомани и предавници, но полн е и со чесни, искрени и добронамерни кои го топлат срцето. Со овие зборови го почна последниот пост, поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, кој […]

Животот не е 4 години, не е ни 6, не е ни функција, ни власт, животот е долг и полн со искушенија од нечесни луѓе, лажомани и предавници, но полн е и со чесни, искрени и добронамерни кои го топлат срцето. Со овие зборови го почна последниот пост, поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, кој беше осуден за злоупотреба на службената положба и овластување бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд, рачно доделувал предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Тој деновие се кандидираше за Јавен обвинител, откако Љупчо Коцевски даде отказ, но Советот го исклучи од „трката“, поради недостаток на стаж, што пак го натера Панчески да поднесе кривични пријави.

Screenshot
  • Животот е образ, труд и достоинство, тоа го имаш или го немаш. Во светот можеш се да купиш и бут и врат и кременадла, образ никој не продава! Споделувам со вас мои пријатели една епизода од мојата најнова книга која е дадена во печат (наскоро излегува), забавно е прочитајте ја за СЈО е! Она истото СЈО што деновиве и истури закани за тужби на мојата драга колешка Лејла Кадриу за сите вистини што ги кажа, но конкубината на Трајче Пеливанов (претендент за ДЈО) не се ни одважи да отвори постапки против нив или барем за почеток да ги суспендира. Уживајте во хоророт… а ќе го има уште многу, напиша Панчевски, објавувајќи дел од интервју со некогашниот аташе Дејвид Стивенсон.

Еве ја неговата последна објава:

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top