Македонија Спорт

(Фото): Претседателката Сиљановска Давкова свечено го отвори Европскиот младински олимписки фестивал Скопје 2025

Скопје ќе биде центарот на европскиот младински спорт во наредните седум дена откако вечерва свечено беше отворен Европскиот Младински Спортски Фестивал, на церемонија што се одржа во СЦ „Јане Сандански“.

Фотографија: Филип Атанасов

Со дефиле на 50 делегации, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ вечерва започна Европскиот младински олимписки фестивал Скопје 2025. Фестивалот официјално го отвори и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а  се обрати и претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос.

Македонскиот Олимписки Комитет на чело со претседателот Даниел Димевски се избори за овој голем настан да се одржи токму во нашата земја (покрај Скопје, домаќин на неколку спортови ќе биде и Куманово), а во организацијата се вклучија бројни државни институции, па така на денешното свечено отворање присутни беа и Претседателката Гордана Силјановска-Давкова и Министерот за Спорт, Борко Ристовски.

  • „Почитувани млади спортисти од сите европски краишта, почитувани гости и драги пријатели, голема е честа да се биде земја-домаќин на Летниот Европски младински фестивал на кои се собраа спортисти кои ја манифестираат убавата страна на сегашноста и ја најавуваат светлата иднина на европскиот спорт. Ова е врвен спортски чин, симбол на младост и на витештво во натпреварувањето, креатор на европски културен и спортски дијалог. Храбро го прифативме предизвикот да го организираме овој настан, посакувам да ја оправдаме укажаната доверба, верувам дека како држава уште еднаш ќе покажеме дека сме добри домаќини и дека имаме публика што знае да бодри и да наградува“, изјави Претседателката Силјановска – Давкова, која свечено го отвори ЕМОФ 2025.

Свечената церемонија го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл кој ќе ги обедини младите спортисти од цела Европа во духот на фер-плеј, солидарност и пријателство.

ЕМОФ Скопје 2025 ќе вклучува натпревари во 15 спортски дисциплини: атлетика, пливање, кошарка, баскет 3×3, ракомет, одбојка, џудо, спортска гимнастика, друмски велосипедизам, маунтајн бајк, кајак слалом, бадминтон, стрелаштво, пинг-понг и таеквондо.

Натпреварите ќе се одржуваат на спортски објекти со меѓународен стандард во Скопје и Куманово, додека натпреварите во спортска гимнастика ќе се одржат во Осиек, Хрватска, во соработка со Европскиот и Хрватскиот олимписки комитет. Се очекува учество на повеќе од 4.000 млади спортисти, тренери, спортски официјални лица и тимски претставници, како и стотици новинари, волонтери и гости. Македонија годинава ќе биде претставена со рекорден број на спортисти кои ќе учествуваат во сите спортови.

Најнови вести од: Македонија Спорт

Платежната недисциплина во Европа: Дигитализацијата клуч за подобрување, ЕОС Матрих Македонија како регионален фактор

Платежната недисциплина во Европа продолжува да биде сериозен предизвик за компаниите и финансискиот сектор, покажува најновата студија „Европски платежни практики 2025“ на EOS Group, спроведена меѓу 2.200 финансиски менаџери од 11 европски земји. Според резултатите, од околу 18 милијарди фактури кои секоја година се издаваат во Европа, приближно секоја четврта се плаќа со задоцнување или воопшто не се плаќа. Притоа, 19% од фактурите се подмируваат по рокот, а 5% остануваат целосно ненаплатени. Само околу една третина од компаниите се потпираат на надворешни сервис-провајдери за управување со побарувања. Истражувањето покажува дека слабата платежна дисциплина создава сè поголем притисок врз ликвидноста на компаниите, влијае врз инвестициите и ја зголемува потребата од поефикасно и дигитализирано управување со побарувањата

Филипче: Имаме чиста преговарачка рамка, не ни се загрозени идентитетот и јазикот, но треба да се почитуваат малцинските права на Бугарите и да влезат во Уставот?!

– Имаме чиста преговарачка рамка, во рамките на тоа треба да се почитуваат малцинските права, затоа Бугарите треба да влезат во Уставот како едно малцинство од многуте, покрај Хрватите и така натаму. И понатаму, Историската комисија која што треба да си работи, што не е нешто ново. Многу земји имале такви историски комисии.– рече лидерот на СДСМ Венко Филипче денес на прес-конференција.

Муцунски: Доверливоста на ЕУ зависи од доследноста кон своите принципи и ветувања, а проширувањето мора да биде според заслуги и објективни критериуми

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамки на работната посета на Ирска, имаше обраќање во Институтот за меѓународни и европски работи IIEA, каде што говореше за европската интеграција, политиката на проширување на Европската Унија и иднината на Западен Балкан. „Потенцирав дека проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги, јасни правила и објективни критериуми. Кредибилитетот на Европската Унија зависи од нејзината способност да остане доследна на принципите и ветувањата врз кои е изградена“, објави Муцунски на Фејсбук.

Радев: Нема простор за средба со Мицкоски! – РСМ мора да спроведе „Бугари во Устав“ и вториот протокол!

Бугарскиот премиер Румен Радев рече денес дека освен уставни измени, треба да се спроведе и вториот протокол од Договорот за добрососедство. Според него, „има колебање во ставовите кај некои европски лидери во врска обврските на РСМ, па тој „одново ќе мора да ги убедува дека Скопје мора да го исполни договореното со консензусот од 2022 година“.

Најнови вести

To top