Македонија

(Фото): Започна Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој претходно неделава ги посети сите земји од регионот, нагласи дека неговата втора посета на Западен Балкан откако е на оваа функција ја потврдува континуираната посветеност на Европската Унија кон регионот.

Попладнево и официјално започна Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржува во Црна Гора. Воведни зборови на пленарната седница имаа домаќините на состанокот – претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој пристигна на Самитот во Тиват откако претходно ги посети сите земји од регионот, нагласи дека неговата втора посета на Западен Балкан откако е на оваа функција ја потврдува континуираната посветеност на Европската Унија кон регионот. Тој особено го пофали домаќинот на овогодинешниот самит, Црна Гора, која предничи во процесот на пристапување кон ЕУ.

  • „Вашиот успех е важен бидејќи покажува дека проширувањето станува реалност. Црна Гора останува посветена на целта до 2028 година да стане членка на Европската Унија, а одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват претставува потврда за меѓународниот кредибилитет на земјата и за нејзиниот напредок на европскиот пат“, порача Кошта во воведните зборови на самитот.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оцени дека Европската Унија е во процес на градење поголема стратегиска автономија и дека станува побезбедна, поотпорна и посилна, но дека нема да биде комплетна без Западен Балкан. Затоа, оцени таа, овој самит е многу важен.

  • „Ќе разговараме како да го забрзаме процесот на проширување, да го направиме повидлив и стратешки значаен. Сакам да испратам порака до сите земји од Западен Балкан, а особено до нашиот домаќин Црна Гора, дека постои моментум. Да го претвориме тој моментум во движење, а движењето во членство“, порача шефицата на Европската комисија.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пак, чија земја е домаќин на овогодинешниот самит, оцени дека одржувањето на состанокот во неговата земја претставува пресвртница.

  • „Овој самит претставува многу повеќе од само уште едно собирање на лидери. Тоа е пресвртница за Црна Гора, за Западен Балкан и за самата Унија, во време кога политиката на проширување повторно доби стратешко значење. Благодарение на сите вас, денешниот состанок носи нова надеж и свежа енергија за сите земји-кандидатки, потврдувајќи ја посветеноста на европската перспектива на регионот“, рече Милатовиќ во своето обраќање.

Според најавите, лидерите од регионот и претставниците на ЕУ денеска ќе разговараат за проширувањето и Планот за раст, при што се очекува ЕУ повторно да ја потврди својата целосна и недвосмислена поддршка за европската перспектива на регионот. Ќе се разговара и за справувањето со заедничките предизвици и зајакнувањето на безбедноста во услови на сложена геополитичка ситуација, како и унапредувањето на соработката во надворешната, безбедносната и одбранбената политика.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top