Македонија

Г.М.(52) и Р.М.(65) од Пештани нападнале полицајци, кои преземале службени дејства

При извршено алкотестирање кај Г.М. е утврдено 1,63 додека кај Р.М. 0,53 промили присуство на алкохол во крвта.

Приведени се две лица од Пештани. кои зборовно навредувале, а потоа и физички нападнале полицајци. -На 29.11.2025 година во 01:10 часот, во СВР Охрид приведени се Г.М.(52) и Р.М.(65), двајцата од охридското село Пештани, информира МВР.

Тие претходно, на регионален пат Охрид-Св. Наум, кај охридската населба „Св. Стефан“, зборовно навредувале, а потоа и физички ги нападнале полициските службеници, кои преземале службени дејства.

По целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

TВ 21: Над 16 илјади корисници не плаќаат за вода во Тетово, илјадници нелегални приклучоци

Иако во Тетово снабдувањето со вода за пиење достигнува над 400 литри во секунда, вода не стигнува до сите домаќинства. Од Јавното комунално претпријатие „Шар“ велат дека главниот проблем е поврзан со загубите во застарената мрежа, како и со нелегалните приклучоци кои не се фактурираат. Ова го објави ТВ 21.

Велешанец –измамник (67) „позајмил“ 4 илјади евра од неготинчанец (76) за „да покаже дека еврото е важечка валута“, па не му ги вратил!

ОВР Неготино поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против 67-годишен велешанец, осомничен за кривично дело „измама“.

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на сите пешачки патеки, заради побезбеден и поуреден јавен простор за граѓаните на Скопје!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека од денес е започната широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел да има побезбеден, поуреден и посовремен јавен простор за сите граѓани.

To top