Македонија

Гаши: Западен Балкан не е периферија, туку составен дел од Европа

Македонија од својата независност во 1991 година јасно ја поставила евроатлантската интеграција како клучна стратешка цел

 

 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, учествуваше на меѓународна конференција одржана во Љубљана, Словенија, на тема „Западен Балкан во виорот на новата геополитика на безбедноста“,.

Во својот говор, Гаши нагласи дека европската интеграција на регионот е стратешка неопходност за гарантирање на безбедноста и стабилноста на целиот европски континент.

Тој порача дека дебатата за проширувањето денес е повеќе од прашање на иднина, оценувајќи дека тоа претставува доказ за политичкиот карактер и капацитет на Европската Унија. Според него, Македонија од својата независност во 1991 година јасно ја поставила евроатлантската интеграција како клучна стратешка цел, која опстојала низ сите политички промени и предизвици, стои во соопштението, се вели во соопштението од Собранието на Република Македонија.

Гаши го истакна патот на Македонија кон Европската Унија, наведувајќи ги тешките компромиси и континуираната посветеност на спроведувањето реформи како јасен доказ за евроатлантската ориентација на земјата.

Гаши понатаму изјави дека процесот на проширување треба да се разбере како договор на доверба, кој бара одговорност и храброст од двете страни.

Претседателот на Собранието предупреди и на „двојниот замор“ – замор од проширување во ЕУ и замор од стагнација кај земјите-кандидати, оценувајќи дека тоа создава ризик од долготрајна неизвесност која ја поткопува довербата во европскиот проект, стои во соопштението.

Тој отвори и прашања за вистинската политичка волја за проширување на Унијата, нагласувајќи дека процесот треба да биде договор за доверба меѓу двете страни, а не еднострана обврска на кандидатите, стои во соопштението. објави Скопје1.мк

Гаши нагласи дека Западен Балкан не треба да се гледа како периферија, туку како составен дел од Европа, која има за цел да се комплетира.

Како заклучок, претседателот на Собранието го потврди ставот дека интеграцијата на шесте земји од регионот треба да се третира како заеднички процес, подвлекувајќи ја важноста на соработката и заедничката европска перспектива.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top