Македонија

Генијалниот 11-годишник Македон Димитровски, еден од најперспективните млади таленти од регионот, се вброи меѓу најпаметните деца во светот

Македон Димитровски (11) од Македонија постигна исклучителен резултат на американскиот SAT тест – 1440 поени, при што 740 поени освоил по математика и 700 поени по англиски јазик. Станува збор за тест кој е стандардна приемна проверка за запишување на универзитети во САД и се користи за оценување на академската подготвеност на средношколци. Според објавата на неговото семејство, овој резултат го става меѓу највисоко рангираните ученици на негова возраст на глобално ниво, со остварувања, кои вообичаено го постигнуваат кандидати на 17–18 години.

Се наведува дека резултатот е приближно во горниот процент на тестирани ученици и претставува силен индикатор за напредни аналитички и јазични способности. SAT резултатот, особено во ваков ранг, овозможува апликација на водечки светски универзитети како Harvard University, Massachusetts Institute of Technology (MIT), Stanford University, Yale University и други елитни академски институции во САД и пошироко. Овие универзитети при упис ги земаат предвид SAT резултатите како еден од клучните критериуми, заедно со академски достигнувања, натпревари и препораки.

Македон Димитровски веќе има повеќегодишни успеси на меѓународни математички натпревари, како и признанија во повеќе научни области, а неговите способности вклучуваат брзо совладување на комплексни задачи, напредна логика и широка општа наобразба за негова возраст.

Со овој резултат, тој практично се позиционира како еден од најперспективните млади таленти од регионот, со потенцијал во иднина да конкурира за стипендии и прием на најпрестижните образовни институции во светот.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top