Македонија

Германија спречила ЕУ да почне со шпионирање на телефоните на сите граѓани – Драматичен статус на Павел Дуров

Опасноста државата да ги следи сите ваши приватни разговори е се уште присутна

Во својот драматичен статус творецот и сопственик на апликацијата за комуникација Телеграм Павел Дуров открива дека Германија привремено спречила ЕУ да почне со шпионирање на телефоните на сите граѓани.

Дуров преку Телеграм испрати порака до сите свои корисници во Франција во врска со опасноста од контрола на разговорите во која порачува дека луѓето мора да ги знаат имињата на оние кои се обидуваат да им ги украдат слободите.

Според Дуров опасноста од институционално шпионирање на сите разговори на приватните телефони е само моментално одстранета.

,,Денеска, Европската Унија речиси го забрани вашето право на приватност. Требаше да гласа за закон што ќе ги принуди апликациите да скенираат секоја приватна порака, претворајќи го телефонот на секого во алатка за шпионирање.

Франција го предводеше притисокот за овој авторитарен закон. И поранешниот и сегашниот министри за внатрешни работи, Бруно Рејто и Лоран Нуњез, го поддржаа. Минатиот март, тие изјавија дека полицијата треба да ги гледа приватните пораки на француските граѓани. Републиканците и групата Ренесанса на Макрон гласаа за тоа.

Ваквите мерки треба да „се борат против криминалот“, но нивната вистинска цел се обичните луѓе. Тоа нема да ги спречи криминалците – тие би можеле само да користат VPN мрежи или специјални веб-страници за да се сокријат. Пораките на службените лица и полицијата нема да бидат скенирани, бидејќи законот практично ги ослободува од надзор. Само ВИЕ – обичните граѓани – ќе се соочите со опасноста вашите приватни пораки и фотографии да бидат компромитирани.

Денеска, ја браневме приватноста: ненадејниот став на Германија ги спаси нашите права. Но, слободите се уште се загрозени. Додека француските лидери се залагаат за целосен пристап до приватни пораки, основните права на Французите – и на сите Европејци – остануваат во опасност затоа што следното гласање на оваа тема е закажано за до крајот на годинава”, пишува Дуров.

Најнови вести од: Македонија

Стартува системот влез и излез за патување во ЕУ – Македонците ќе чекаат повеќе

Европската комисија потврди системот за влез и излез од утре станува целосно оперативен на сите надворешни граници на ЕУ. Сите патници што доаѓаат од земја што не е дел од ЕУ ќе мора да ги остават своите биометриски податоци, фото и отпечатоци од прсти во системот. Од Брисел велат има технички проблеми со системот кај некои земји членки за што до есен ќе дозволуваат негово делумно суспендирање во случај на предолги чекања на границите.

Тим на УНЕСКО во мај доаѓа во Охрид и Струга – Мицкоски: За Коридорот 8 има решение, но што да правиме со надградбите?!

Во втората половина на мај, делегација на УНЕСКО се очекува да дојде во Македонија за одблиску да разгледа можност за решение за делницата Требеништа–Ќафасан од Коридорот 8 во заштитената зона на Охридското езеро. Премиерот Мицкоски изјави дека проблем не е само трасата, туку и бесправните градби во Струга и Охрид, направени во изминатите години и покрај предупредувањата за можно отстранување од листата на светско културно и природно наследство. Тој додаде дека жителите имаат проблеми со градежните ограничувања поради проширување на семејствата.

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик, неточно е дека некој сака да ја намали неговата употреба, затоа да не се манипулира со ова!

„Сакам да упатам еден апел, бидејќи премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои, за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така што не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине албанскиот јазик, да ја намали употребата, или да го загрози албанскиот јазик. Тоа е апсолутно неточно!.“ – нагласи претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Дарко Костадиновски во интервјуто за емисијата „Со факти”, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1.

Хаџиу: Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност! Ако продолжи нивното потценување како државотворен чинител, ќе се отвори пак фронт во Балканот!

„Албанците во Македонија се соочуваат сега со политичка практика, која ги потценува и ги релативизира, иако се државотворен чинител, а на ова нема никаков јасен и силен одговор од официјална Тирана. Секое слабеење на Албанците како фактор не е само нивно прашање. Тоа е отворање нов фронт во област, која отсекогаш била кревок тампон на Балканот.“ – наведува новинарот и политички аналитичар од Косово Батон Хаџиу во својата колумна со заканувачки наслов „Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

To top