Македонија

Героски: Ќе паднат и нашиве нови „Нерони“

Да, имаме ние наши Нерони. Најподол е Нервниот. Тој е нашиот Нерон со повеќе маски. Еднаш е политичар, другпат „загрижен граѓанин”, третпат „експерт”…

…Пожарите избувнуваат по депонии, магацини, сервиси… И секогаш кога чадот ќе се крене, политичката температура се вжештува.

Случајно? Сплет на несреќни околности?

Сепак не. Има премногу совпаѓања со приказната за политичкото инферно што почна да се распалува уште во текот на летото во цела Македонија, за сега сите да глумиме наивност и да си припишуваме блажено незнаење.

Тоа така не бидува“ – пишува новинарот Бранко Героски во најновата колумна за Плусинфо.

Тој потсетува на 1689 година, кога хабсбуршкиот генерал Силвио Пиколомини го претворил Скопје во пепел, но и на големиот пожар во Рим од 64. година кога, како што се верува, императорот Нерон, го пеплосал градот.

(…)

„Да, имаме ние наши Нерони. Најподол е Нервниот. Тој е нашиот Нерон со повеќе маски. Еднаш е политичар, другпат „загрижен граѓанин”, третпат „експерт”. Секогаш нервозен (се гледа тоа од неговата фаца наместена во божествен спокој), секогаш со лирата в рака, секогаш подготвен да ја претвори туѓата несреќа во свој рејтинг“ вели Героски.

„Сценариото е старо колку и историјата: пали, заплашувај, создавај паника, па на крај нуди „спас”. Ако треба, измисли и чума. Само важно е чадот да биде доволно густ, за да не се види вистината“.

(…)

„Историјата го памети Нерон како тиранин, иако можеби тој не го запалил Рим. Но, се радувал на палежот, ковал планови, калкулирал како да извлече корист од последиците. Како што калкулира сега нашиот најнервозен Нерон, кој, да не заборавиме, одвај некако ја избегна личната одговорност за една друга огнена трагедија, во еден друг град (на триесеттина километри од Скопје), во едно друго време…

За интерпретациите на историските приказни и за поуките од нив, ние расправаме, но суровите историски факти се познати. Императорот Нерон паѓа набрзо по пожарот во Рим. Тој и неговата лира нема да се радуваат долго. Пиколомини исто така нема да го преживее палежот на Скопје, смртно ќе го покоси колера.

Не сум ни религиозен ни суеверен, па не можам да кажам дали станува збор за божја правда, за судбина или за нешто трето. Едноставно, нештата така се случуваат по некоја чудна, за мене необјаснива законитост.

Интуицијата ми вели дека ќе паднат и нашиве нови Нерони, покосени од сопственото лицемерие, кое народот брзо ќе го препознае, веројатно уште на овие избори. Magnum Incendium Macedoniae ќе заврши  без голема врева, без аплаузи, без тажење, се надевам со научени важни лекции за политиката, за животот на Градот и за цената на лицемерието и на сеирот.

Некои луѓе ќе исчезнат од политиката, како никогаш да не биле во неа. Нема да ни недостасуваат“, пишува Героски.

Најнови вести од: Македонија

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

Пациентите биле неправилно лекувани и нивниот животен век бил скратен – вештак од Србија во случајот „Онкологија“

Радославевиќ, во своето вештачење, констатира дека пациентите “биле неправилно лекувани и дека нивната здравствена состојба била влошена и со тоа нивниот животен век бил скратен”

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески оти вработени земале плата без мандат

Како што велат од СДСМ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.

To top