Македонија

Героски: Со овој СДСМ и неговиот лидер нема разбирачка

Венко Филипче настапува со многу јасен капитулантски став – никој во Бугарија не го негира македонскиот идентитет, ајде веднаш да ги внесеме Бугарите во Уставот, по секоја цена

 

„Тоа е продолжение на тезата на Зоран Заев, кој јавно застана на живковистички позиции и кажа дека ние и Бугарите сме „с’шт народ“. Како може да се обединиме со некој што не ги признава македонскиот идентитет, автохтоноста на македонската нација и нејзиниот историски континуитет? -0 прашува новинарот Бранко Героски во денешната колумна за „Плусинфо“.

„Мисијата на Венко Филипче, како чувар на престолот на Бихаќка за „лидерот во сенка“ Зоран Заев, не е да се обединува, да гради принципиелни позиции во спорот со Бугарија и во процесот на пристапување кон ЕУ и да ги брани македонскиот идентитет и автохтоноста и историскиот континуитет на македонската нација.

Филипче нема намера да се знимава со тие теми. Тој, едноставно, вели дека никој во Бугарија не го негира македонскиот идентитет и со сиот ум очекува да му веруваме“, вели, меѓу другото, Героски.

„Идејата на Филипче е овој СДСМ да остане на позициите за Зоран Заев и веројатно на неговите преземени обврски кон Бојко Љубави Борисов. Тие обврски се сведуваат на прифаќањето на живковистичките тези дека договорената „заедничка историја“ меѓу Македонија и Бугарија е всушност бугарска и дека Македонците пред 1944 година, едноставно, се Бугари.

Затоа Венко Филипче и неговата екипа на Бихаќка денес настапуваат со многу јасен капитулантски став – никој во Бугарија не го негира македонскиот идентитет, ајде веднаш да ги внесеме Бугарите во Уставот, по секоја цена!

Героски додава дека „стотици илјади членови и симпатизери на СДСМ одамна ја препознаа таа погубна политика на раководството и ја казнија својата партија во последните изборни циклуси. Пристојните и стамени луѓе, симпатизери на СДСМ, сфатија дека Заев и неговите чувари на тронот не сакаат обединување и одбрана на македонскиот идентитет, туку сакаат уште една капитулацијка на Македонија под бугарски диктат.

Венко Филипче беше дел, а сега е и предводник на таа политика, погубна и за СДСМ, но и за Македонија. Да собереше храброст да ја напушти, да застане на македонски позии, како што доликува, СДСМ денес нема да беше на ова дереџе. Но ете…

Жалам што е така и што апелот на премиерот СДСМ грубо го отфрли. Но, народот вели, секое зло за добро е. Во случајов, доброто е тоа што Христијан Мицкоски конечно мора да се помири со фактот дека со овој СДСМ нема ни обединување ни разбирачка.

ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалициски партнери, заедно со сите политички сили кои сакаат Македонија да влезе во ЕУ на нозе а не клекната на колена и понижена, мора самите да го обноват консензусот, да ги реафирмираат позициите од Резолуцијата од 2021 година и на таа основа да дизајнираат уставни гаранции за македонскиот идентитет и за почитување на автохтоноста и на историскиот континуитет на македонската нација. Тоа е она што треба да им се понуди и на Брисел и на Софија, како единствена и гранитно цврста основа за разговор за проектот „Бугари во Уставот“.

Овој СДСМ не сака да биде дел од тој консензус.

Овој СДСМ е целосно и трагично приклонет кон позициите на Софија.

Тоа е една од крупните причини поради која овој СДСМ е маргинализиран и непочитуван и од голем дел од своите некогашни приврзаници, кои не можат да прифатат дека нивните мајки и татковци и баби и дедовци, родени пред 1944 година, биле Бугари и дека ние Македонците и Бугарите сме биле „с’шт народ“, како што нè убедуваше Заев.

На таа срамна изјава – која е и позиција на СДСМ, може да се потсетите ако кликнете на овој ЛИНК.

Мене ми е срам да го постирам тоа видео на ова место“, вели на крајот Героски.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Им го честитаме резултатот на СДС во Брвеница! Им посакуваме уште многу вакви резултати во иднина со Филипче на чело!

„Поддршката која СДС ја доби од граѓаните на Брвеница е од досега невидени размери. Се согласуваме. На 4-то место се!“ – им порачува со иронија ВМРО ДПМНЕ на политичките ривали на „Бихаќка“ во Скопје.

Шасивари ќе бара мислење од Венецијанската комисија за измените, поврзани со полагањето на правосудниот испит

Министерството за правда започна консултации со правните факултети и студентите за предложените измени поврзани со полагањето на правосудниот испит. Целта е да се слушнат ставовите на академската заедница и да се дојде до правно издржано решение што ќе ги почитува јазичните права и професионалните стандарди. Министерот за правда Јетон Шасивари истакна дека измените нема да […]

МНР: Навредливи се и провокативни изјавите на Демерџиев и Радуков за Михајлова – тоа е директно мешање во внатрешните работи на македонската држава!

На средбата, како што соопшти МНР на Република Македонија, било изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна.

Поетот Никола Маџиров: Не е најболно тоа што победниците ја пишуваат историјата — туку тоа што тие ги тераат понижените да ја читаат

„Сведоци сме дека сите војни почнуваат со тргување на историите и митовите, а потоа почнуваат одземањата на личните приказни, веднаш штом ќе се исцртаат новите поствоени граници. Моите предци одлучиле да им биде одземен домот наместо личните приказни и така ме задолжија да се сеќавам без да мразам, да пишувам без да верувам во изделканите истории. Затоа што постојат личните приказни прераскажани од гласовите што не се составени од коски, туку од вистини кои не можат да се кремираат или да се изложат пред црвите на времето“, вели најуспешниот современ македонски поет, чија поезија стана препознатлив дел од модерната светска поетска сцена, без да мора читателот прво да знае многу за Македонија.

Дете (13) тепано брутално од 15 малолетници на плоштадот во скопско Влае и со метален предмет – скршени му се забите и нанесени сериозни повреди

Тринаесетгодишно дете било физички нападнато од група малолетници во скопската населба Влае, а според неофицијалните информации, нападот бил толку брутален што детето останало со сериозни повреди, меѓу кои и искршени заби. Според сведоштва, во тепањето бил употребен и метален предмет. Нападот се случил во саботата, на плоштадот „Делфина“, околу 00:30 часот. Според информациите што се […]

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

Најнови вести

To top