Македонија

Ги собрал парите оставени од верниците и „мртов ладен“ заминал (ВИДЕО)

Без никаков срам, крадецот внимателно ги пребарал сите места каде традиционално се оставаат донации

Црквата „Свети Никола“ во Катланово минатата недела беше мета на дрска кражба.

Инцидентот е целосно снимен од црковната камера, а видеото предизвика шок и револт кај верниците.

На снимката јасно се гледа како непознат маж влегува во храмот и со целосна смиреност почнува да ги разгледува иконите.

Наместо да се помоли или да запали свеќа, тој методично ги собира парите оставени од верниците за здравје и среќа. Без никаков срам, крадецот внимателно ги пребарува сите места каде традиционално се оставаат донации, а потоа мирно ја напушта црквата како ништо да не се случило.

Најнови вести од: Македонија

Ако сакате да станете донор на органи по вашата смрт, само свртете или посетете го својот матичен лекар

Со само еден повик или посета на матичниот лекар, секој што сака ќе може да стане донор на органи. Се поедноставува постапката со која граѓаните ќе решаваат што по нивната смрт. Ова го предвидува новиот предлог-закон со кој се менува системот за трансплантација во земјава. Целта е да има помалку бирократија, а повеќе почитување на […]

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Се одложи јавната седница во Апелација за убиствата на Вања и Панче

Боре Видевски, еден од осудените за двојното убиство – на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски не е во животозагрозувачка состојба. Втор ден како е сместен на Клиниката за нефрологија, поради проблемите кои ги има со бубрезите. Неговата хоспитализација ја одложи седницата пред апелационите судии за 11 мај. Неговиот адвокат бара тој да биде […]

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top