Македонија

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, за време на вечерната дебата со својот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица на телевизија Канал 5, изјави дека не триумфирал во првиот круг од локалните избори поради ниската излезност на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, за време на вечерната дебата со својот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица на телевизија Канал 5, изјави дека не триумфирал во првиот круг од локалните избори поради ниската излезност на граѓаните. Сепак, како што нагласи, тој цврсто верува оти во недела, на 2 ноември, кога ќе се одржи вториот круг, граѓаните ќе излезат во поголем број и дека тој ќе ја извојува победата.

Ѓорѓиевски потенцираше дека досега никогаш немало разлика од 60 000 гласа меѓу противкандидатите на локалните избори во Градот Скопје, како што е разликата помеѓу него и Мециновиќ.

Ѓорѓиевски истакна дека е политиколог и потекнува од приватниот сектор, како и дека е горд што е член на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ, од своја страна, сподели дека студирал политички студии, но дека сè уште нема дипломирано, дека работел разновидни работи, меѓу кои и како фриленсер, и дека се гордее со тоа.

За време на дебатата, Ѓорѓиевски го запраша Мециновиќ, кој е пратеник од Левица, дали ќе поднесе оставка по поразот во понеделник. Мециновиќ, пак, возврати дека во понеделник можеби ќе биде победник.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top