Македонија

Ѓорѓиевски: Ќе направам во првите 72 часа Скопје да блесне

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, ја одржа својата прва прес-конференција од почетокот на кампањата за локалните избори, на која истакна дека негов приоритет е хигиената и чистотата во главниот град.

„Ветив дека во првите 72 часа откако ќе го преземам местото градоначалник на Скопје ќе започнеме со активност каде ќе се вклучат сите општини. И за 72 часа, Скопје ќе блесне. Тоа е она што нѐ мачи изминатиот период и изминатите години. Скопјани заслужуваат чист град“, рече Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека состојбите во Град Скопје биле мотив да влезе во трката за градоначалничката функција:

„Состојбите во Град Скопје, се мотив, за од ваква руинирана состојба, да направиме нешто на што сите ќе се гордееме. Имам одлична советничка листа, имам експерти, домашни и меѓународни, за секој од столбовите со ветувања да се реализира. Јас сум спремен да не се штедам и до последен атом да се вложам“.

Ѓорѓиевски порача дека сака да биде обединувач, а не да создава поделби:

„Дел од тие луѓе можеби ќе бидат вклучени во мојот тим, можеби дел од нивните идеи од програмите ќе бидат реализирани од нас. Не правам поделби. Сакам да обедувам и да работам. Резултатите во мојата општина Кисела Вода, ми даваат најголем кредибилитет“.

Тој, меѓу другото, ја претстави Програмата изградена врз седум столбови – кои , како што рече, се темелите на иднината на градот:

1. Одржлив урбан развој во следните 20 години.
2. Нема компромиси со здрава животна средина и биодиверзитет.
3. Целосна комунална обнова на градот.
4. Враќање на културниот идентитет на Скопје.
5. Дигитална трансформација и паметни решенија.
6. Скопје како град на младите и науката.
7. Јакнење на јавната грижа и безбедноста.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top