Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје добива луна парк, еден од најдобрите во регионот, изграден според највисоки европски стандарди

„Луна-паркот ќе биде целосно приспособен и за лицата со попреченост, со најсовремени системи за безбедност, видео-надѕор и прва помош. На овој простор од 84 илјади квадратни метри ќе никне место, каде што семејствата ќе минуваат квалитетно време заедно, каде што ќе има зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена.“ – објави на својот официјален фејсбук-профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Натаму во објавата преку општествената мрежа Ѓорѓиевски истакнува: „По многу години оддолговлекувања и лажни ветувања денес започнува јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна-парк. По изминати децении, во кои генерации деца беа лишени од местото што им припаѓа, место за игра, радост и незаборавни моменти, конечно започнуваме со остварување проект, што ќе ја означи новата ера на семејна забава во нашиот град. Пред нас е изградба на ултра модерен Луна-парк, еден од најдобрите во регионот, изграден според највисоки европски стандарди.

Ќе создадеме простор исполнет со ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност и целосно ново рамниште на градска забава. Панорамско тркало, пиратски брод, подморница, среќна лулашка и уште многу други реквизити ќе создадат единствена атмосфера, која ќе ја збогати туристичката слика на Скопје. Како што ветив – најдоброто доаѓа! Скопјани конечно добиваат Луна-парк, што ќе биде симбол на нов почеток, на современо, гордо и достоинствено Скопје. – порача градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Најнови вести

To top