Македонија

Ѓорѓиевски за пожарите: Имаме работа со нелуѓе

Одредени политички партии и групации сакаат да профитираат политички од подметнатите пожари, потребно е ЈО веднаш да постапи

 

,,Ние имаме прво борба со нелуѓе коишто за да профитираат политички се во состојба да загрозат и човечки животи. Треба објективно да погледнеме. Тоа и претседателот на Владата го кажа вчера, кој од сето ова профитира, и на кого му одговара ваква состојба да го доведе народот во заблуда и ова да биде главна тема“, рече актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ  во ,,Утринско  еспресо“ на Радио Лидер (ВИДЕО).

Ѓорѓиевски истакна дека доколку беше еден ваков случај, тогаш може да се прават разни претпоставки, но според него, иако тој додаде дека има институции надлежни за истото, истрагата треба да биде насочена и да се открие кој профитира од овие настани.

,,Еве ако немаше на другите позиции материјален доказ, сега има материјален доказ. И евидентно е дека треба истрагата да оди во насока да се види на кого сето ова му одговара. Да се случеше еден случај ваков, и да имаше снимка од тој случај тогаш можеме ние разни претпоставки да имаме која е причината за сето тоа“ кажа Ѓорѓиевски и додаде:

,,Последователно во период од 20 дена кадешто на одредени политички партии и групации, главна кампања им е загадувањето во Скопје за којшто имаа шанси години наназад да извлијаат и да ја подобрат состојбата.

Тоа да им биде целодневна преокупација, и само за истото да говорат и да имаат по неколку јавни настапи, тогаш мислам дека јасно треба да ни е на сите.

Само објективно согледувам кои се фактите и кој од ова може да профитира. На кого ова му оди во прилог“, заклучи Ѓорѓиевски.

Опожарени возила во Пинтија: Некој организирано пали низ Скопје за да предизвика паника(ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top