Македонија

Главчев вети и оствари: Утре Македонија ќе настапи без Северна

Сега на  дресовите ќе биде испишана кратенката МКД

Претседателот на Кошаркарската Федерација на Македонија Томе Главчев ја оствари најавата дека ќе го врати старото име на Кошаркарската федерација, а првиот потег е направен. Нема веќе „Северна“ на дресовите на националниот тим.

 

Македонската кошаркарска репрезентација утре на Илинден го почнува стартот на претквалификациите за Светското првенство.

Се игра во Куманово, каде што ќе ја пречекаме репрезентацијата на Романија.

На овој меч, дресовите на Македонија ќе претрпат промена. Повеќе нема да стои додавката „Северна“, како што беше во изминативе неколку години кога екс претседателот на КФМ Перо Антиќ.

 

Сега на  дресовите ќе биде испишана само кратенката МКД.

 

Тоа може да се види на последната фотосесија, каде наместо придавката со името, стои кратенката „МКД“.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top