Македонија

Главната вечер на Струмичкиот карневал ќе се одржи на 21 февруари

Традиционално

Годинашново издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 18 до 25 февруари, а Главната вечер ќе се одржи на 21 февруари (сабота), информираше претседателката на Организацискиот одбор на Карневалот, Танкица Стојанова,на денешниот брифинг со новинарите.

Се планира традиционално карневалските празнувања да почнат со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите, а останата програма, освен за Главната вечер, Организацискиот одбор ќе ја соопшти на наредните денови.

Според Стојанова, не се планираат некои поголеми програмски измени, а засега е извесно дека годинава нема да се одржи традиционалниот Концерт под маски на учениците од Музичкото училиште „Боро Џони“.

-Останатите манифестации ќе се одржат како и досега, но останува да се утврдат програмските содржини и наскоро ќе биде објавена програмата, рече Стојанова.

Инаку, секоја година Струмичкиот карневал се одржува на различна дата, бидејќи неговото одржување се врзува со почетокот на големиот велигденски пост.

Најнови вести од: Македонија

Велешанец –измамник (67) „позајмил“ 4 илјади евра од неготинчанец (76) за „да покаже дека еврото е важечка валута“, па не му ги вратил!

ОВР Неготино поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против 67-годишен велешанец, осомничен за кривично дело „измама“.

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на сите пешачки патеки, заради побезбеден и поуреден јавен простор за граѓаните на Скопје!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека од денес е започната широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел да има побезбеден, поуреден и посовремен јавен простор за сите граѓани.

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ

Милатовиќ, кој е во официјална посета на државава, нагласи дека двете држави ги поврзува и длабоката историска блискост потврдена со меѓусебна солидарност и поддршка

Попов: Уставни измени може да има само кога ќе имаме предвидливост што ќе следи по нив, не можеме вечно да се обезличуваме национално

„Ако направиме сега уставни измени и започнеме преговори со ЕУ, тие ќе завршат на првата идентитетска одлика на македонскиот народ.“ – рече пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ во настап на ТВ 24, осврнувајќи се на позицијата на Македонија во преговорите со ЕУ.

Најнови вести

To top