Македонија

„Глејте си масата госпожа…“: Божиновски за пораката од Кос дека ниедна кандидатка за ЕУ не добила ни ќе добие гаранции

Писателот и сценарист ѝ реплицира на еврокомесарката за бараните гаранции од Македонија дека уставните измени ќе бидат последниот услов

Писателот и сценарист Божидар Божиновски ѝ реплицира во свој стил на еврокомесарката Марта Кос за изјавата дека ниту една кандидатка за членство во Европската Унија не добила ниту ќе добие гаранции, мислејќи на македонското инсистирање за гаранции дека уставните измени ќе бидат последниот некопенхашки услов на патот кон ЕУ.

,,’Ниту една земја кандидат за членство во ЕУ досега нема добиено, ниту пак може да добие гаранции’ – Марта Кос
Ниту една земја не сменила знаме, име, не се бара да се самоукине за пак да не влезе во ЕУ. Глејте си масата госпожа…“, порача на Фејсбук ревносниот коментатор на актуелните случувања на социјалната мрежа.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top