Македонија

Го добивме ли најсмешниот македонски скеч за Август (ВИДЕО)

Непретенциозниот хумор на двајцата јунаци ќе ве насмее од срце

Проектот ,,Модернизам и ренесанса” денеска го објавија можеби најсмешниот скеч за 2026 година.

Популарниот македонски сатиричен проект и инстаграм-профил зад кој стои комичарот Душан Петровски – Дуци објави скеч за полициска патрола со двајца полицајци кои ќе ве засмеат ,,до коска”.

Профилот е препознатлив по хумористичните видеа кои секојдневно ги исмеваат општествените појави, ликови од секојдневието и однесувањето на инфлуенсерите.

Сатиричниот проект „Модернизам и ренесанса“ со главниот лик Душан Петровски (@modernizam.i.renesansa) креира содржини инспирирани од македонскиот менталитет, скопските шеми и модерните социјални феномени.

Проектот е дел од стендап шоуа во соработка со продукцијата Авалон, каде често настапуваат и познатите „Браќа Стојаноски“ (Stojanoski Brothers) со нивните препознатливи сатирични преработки на народни песни.

Непретенциозниот хумор на Дуци ќе ве насмее од срце

Оргиналниот скеч на овој линк

https://www.instagram.com/reel/DbtD1bVs1ox/?igsh=NGU2ejRwdmlsZzVz

https://x.com/MechanicSk00/status/2085395066843967706

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

To top