Македонија

Го враќаат Митрески за да не замолкнат, реагира актуелниот претсдател на ССМ Трендафилов

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на прес-конференција посочи дека оваа пресуда е втора иако Апелациониот суд минатата година ја укинал првичната пресуда со цел да се утврди дали има правен основ за водење на постапка против починато лице.

Актуелниот претсдател на ССМ Слобдан Трендафилов посочи дека од 2017 година биле одржани конгреси и во 2020 и 2023 година и дека доколку сакал Митрески можел да се кандидира. Одлуката на Граѓанскиот суд донесена во февруари годинава, со која се потврдува дека Живко Митрески во 2017 година е нелегитимно сменет од функцијата претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, актуелното раководство на ССМ ја гледа како обид да бидат институционално замолчени.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на прес-конференција посочи дека оваа пресуда е втора иако Апелациониот суд минатата година ја укинал првичната пресуда со цел да се утврди дали има правен основ за водење на постапка против починато лице.

  • Сметаме дека жалбата којашто е поднесена во текот на вчерашниот ден повторно ќе биде прифатена од страна на Апелациониот суд кој уште еднаш ќе утврди дека Основниот суд не постапил по неговите напаствија. Тоа што е клучно е дека согласно меѓународните конвенции на МОТ, синдикатите имаат целосна слобода да ги креираат статутите, актите и документи и да вршат избор на луѓето кои ќе бидат нивни претставници – истакна Трендафилов.

Трендафилов посочи дека од 2017 година одржани се конгреси и во 2020 и 2023 година и дека доколку сакал Митрески можел да се кандидира.

  • За жал, не го сторил тоа. Ако некој смета дека во Македонија може да се поставуваат членови односно претседатели по желба на неколкумина. Жалосно е што сега се обидуваат и по институционален пат да го замолчат ССМ затоа што протестираме и бараме зголемување на платите – рече Трендафилов.

На денешната прес-конференција, Трендафилов информираше дека согласно одлуките донесени на највисоките тела на синдикатот, годинава Меѓународниот ден на трудот ќе биде одбележан со протест под мотото „Се бориме за зголемување на платите, а не се молиме“. Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом, а со него повторно ќе се бара зголемување на минималната плата и на сите останати плати.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

To top