Македонија

Годинава, 2.020 муслимани од Македонија ќе одат на хаџ во Саудиска Арабија

Над две илјади верници ќе заминат од земја на хаџ и ќе ги посетат муслиманските свети места. Бројот е ист како и минатата година, изјави Ирсал Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница. „Бројот е пополнет во согласност со квотата утврдена од Министерството за хаџ на Саудиска Арабија, а оваа година ќе има 2.020 верници […]

Над две илјади верници ќе заминат од земја на хаџ и ќе ги посетат муслиманските свети места.

Бројот е ист како и минатата година, изјави Ирсал Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница.

„Бројот е пополнет во согласност со квотата утврдена од Министерството за хаџ на Саудиска Арабија, а оваа година ќе има 2.020 верници од земјата кои ќе патуваат до светите места, иако се регистрирани повеќе.

Верниците ќе патуваат од 24 мај, со 11 чартер летови, секој со 180 патници. Тие се на различна возраст, најстариот е над 80 години, а најмладиот има 10 години“, вели Јакупи.

Цената за одење на хаџ е 6.700 евра, што е за 150 евра повисока во споредба со минатата година.

Големиот празник Курбан Бајрам оваа година паѓа на 6 јуни и секогаш се слави четири дена. Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top