Македонија

Голем интерес за мерките во Кавадари: За самовработување пристигнати 132 апликации

Владини мерки

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески оствари работна средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и претставници на бизнис-секторот во Кавадарци.

Ристески пред присутните ги презентираше главните мерки на министерството за економија и труд за поддршка на стопанството и претпријатијата, како и мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.

– Навистина сум задоволен од големиот интерес кои граѓаните и компаниите од Кавадарци го покажаа за мерките од Оперативниот план, каде само за мерката за Поддршка за самовработување (претприемништво) се пристигнати 132 апликации.

Голем интерес покажаа и компаниите за поволностите кои се нудат во мерките од оперативниот план, каде за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ аплицирале 67 компании за поддршка за отворање на72 нови работни места, додека за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ аплицирале 10 компании за 15 нови работни места. Големиот интерес е доказ дека во Кавадарци и Тиквешкиот регион има голем потенцијал за економски раст и развој и ние и понатаму ќе ги поддржуваме компаниите во овој процес – кажа заменик-министерот Ристески.

На средбата присуствуваа и Даниела Димовска, в.д. директор на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) и Весна Пешова, заменик-директор на Агенцијата за вработување, кои на присутните им ги презентираа програмите за работа на нивните институции и мерките кои им стојат на располагање на граѓаните, занаетчиите и компаниите.

Градоначалникот Јанчев на средбата потенцираше дека како општина секогаш даваат поддршка на сите позитивни мерки кои придонесуваат за развој на домашната економија и го развиваат претприемачкиот дух кај младите лица.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top