Македонија

Голем пожар по удар на гром над Штип

Зафатена е сува трева, а засилениот ветер брзо го проширил огнот, со кој се бори Територијалната противпожарна единица Штип

Удар на гром попладнево предизвика голем пожар над штипските викенд населби Плуждино и Новакова Чешма, а потоа се проширил кон ридовите над градските гробишта.

„Пожар избувна попладнево на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино кај Штип. Според првичните информации, пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром, при што била зафатена сува трева. Поради засилениот ветер, огнот брзо се проширил на поголема површина, поради што на терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица Штип. Пожарникарите во моментов работат на локализирање на пожарот, спречување на неговото понатамошно ширење и заштита на објектите во близина кои би можеле да бидат загрозени“, соопшти Центарот за управувањее со кризи (ЦУК).

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top