Македонија

Ѓорѓиевски: „Македонско-косовска Бригада“станува булевар

Скопјани заслужуваат современа, безбедна и функционална инфраструктура, порача градоначалникот на Град Скопје

Скопјани заслужуваат современа, безбедна и функционална инфраструктура, порача градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Тоа всушност е еден од темелите на мојата визија за град кој се развива плански, рамномерно и со јасна стратегија и во кој секоја инвестиција значи подобар квалитет на живот, поголема безбедност и почиста урбана средина. Наскоро започнуваме со реализација на основниот проект за изградба на булеварот „Македонско-косовска бригада“, на делницата од раскрсницата со „Џон Кенеди“ до раскрсницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри. Овој потег претставува значајна сообраќајна артерија што ќе ја подобри поврзаноста и проточноста во овој дел од градот“, објави градоначалникот.  посочи тој.

Проектот предвидува современо и функционално сообраќајно решение со четири коловозни ленти, по две во секоја насока, средишно зеленило за зголемена безбедност и визуелна уреденост, велосипедски патеки во двете насоки, како и нови тротоари со ширина од по 2 метри за сигурно и комфорно движење на пешаците.

„Во рамки на проектот е предвидено и заштитно зеленило од двете страни на булеварот, како и проширувања кај автобуските стојалишта, со што се подобрува јавниот превоз и се зголемува безбедноста на патниците.
Со изградбата на овој булевар создаваме нов урбан простор, помодерен, позелен и поорганизиран.
Ја зголемуваме безбедноста, ја подобруваме мобилноста и градиме инфраструктура што ќе им служи на генерации. Од оваа пролет, со подобрувањето на временските услови, Скопје ќе доживее вистинска трансформација.

Рамномерниот развој во сите општини, започнува“, порача скопскиот градоначалник.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top