Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик, работиме засилено на точки, кои со години беа закочени, а дел од нив останаа само лажно ветување!

„Скопјани заслужуваат град со визија, ред и достоинство. Изминатава седмица работиме со засилено темпо на точки, кои со години беа закочени, а дел од нив останаа само лажно ветување. Денес, тие напредуваат.“ – објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиовски.

На општествената мрежа Ѓорѓиовски истакнува: На клучката кај „Момин Поток“ се работи со максимален интензитет. На „Љубљанска“, од огромно значење за жителите на Карпош, динамиката е јасно видлива.

Паралелно, напредуваат и градежните работи на „Перо Наков“ во Гази Баба, клучна сообраќајна артерија по која секојдневно поминуваат илјадници граѓани. Ова е само почетокот на сериозна, одговорна и посветена трансформација.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Успешно помогнавме во евакуација на наши државјани и на странски

Државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

По Јутјуб и Вимео го избриша документарецот на ИРЛ поради кражба на авторски права

,,Истражувачката лабораторија” која според преходна судска пресуда не смеела да се претставува како медиум се обидела видеото со украдени материјали да го објави на друга видео мрежа

To top