Македонија

Град Скопје со конкретни мерки и препораки до граѓаните за заштита од загаденоста

Град Скопје известува и дека овластените инспектори за животна средина, комуналната инспекција и комуналните редари на градот, постојано вршат инспекциски надзори на диви депонии, стрништа, ораници заради спречување на нивно палење. Изречени се и прекршочни платни налози според Законот за управување со отпад, Законот за амбиенталниот воздух и Законот за животна средина.

Град Скопје издаде препораки и мерки за заштита на амбиенталниот воздух откако утринава Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат. Согласно надлежностите на градот Скопје утврдени со Законот за животна средина, Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, како и уредбата за гранични вредности за нивоа и видови загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, градот Скопје ги издава следниве препораки:

– Сите јавни установи на подрачјето на градот Скопје да извршат итна проверка на исправноста и ефикасноста на грејните тела, климатизациските системи и останатите уреди за загревање;

– ЈП „Комунална хигиена“ да спроведува зачестено чистење и миење на коловозните површини во надлежност на град Скопје, а општините да постапат аналогно за улиците во нивна надлежност;

– Се препорачува граѓаните, во периоди кога надворешната температура е над 0*C, доколку имаат техничка можност, да користат климатизациски уреди и инвертер-системи, наместо индивидуални ложишта на цврсти или течни горива;

– Инсталациите во кои се врши согорување на енергенси да се користат во согласност со европските еколошки стандарди;

– Сопствениците и корисниците на објекти (правни и физички лица) да извршат проверка на исправноста на уредите за загревање, а при идни инвестиции да предвидуваат технологии со пониско ниво на емисии;

– Да се применува користење на јавниот превоз, да се избегнува користење на патнички возила без оправдана потреба и да се применува принципот на заедничко користење на возилата (car sharing);

– Институциите и правните субјекти, колку што е можно, да го ограничат користењето на службени возила, а при идни набавки да се предвиди користење на електрични, хибридни, односно возила кои како гориво користат енергенс со кој максимално се редуцира емисијата на полутанти во амбиенталниот воздух;

– Градежната механизација да го избегнува движењето во периодите на сообраќаен метеж, од 7.30 до 8.30 часот и од 15.30 до 17 часот.

Препораки и мерки за заштита на населението:

  • Се препорачува ограничување на престојот на отворен простор, особено кај чувствителните категории на население;
  • Да се избегнуваат спортски настани на отворено;
  • Средните училишта под надлежност на градот Скопје да извршат проверка на состојбата и функционалноста на прочистувачите на воздух;
  • Општините на подрачјето на град Скопје да спроведат проверка на прочистувачите на воздух во детските градинки во нивна надлежност.

Надзор над инсталациите и теренските контроли во населените места:

  • Зајакнати инспекциски надзори на инсталации кои поседуваат Б интегрирани еколошки дозволи и одобрени елаборати за животна средина;
  • Зајакнати инспекциски надзори над градилиштата со цел заштита од создавање прашина од градежната механизација и градилиштата;
  • Зајакнати контроли во однос на создавање диви депонии и спалувања на отворен простор;
  • Контрола на одобренијата за дотур на роба кои ќе важат во периодот од 18 до 7.30 часот наредниот ден, согласно одлуката за изменување и дополнување на одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на град Скопје;
  • Вонредни контроли на техничката исправност на возилата во однос на зголемени емисии на штетни гасови во соработка со надлежното министерство;
  • Контрола на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, со насока да се користи обиколницата во соработка со надлежното министерство.

Дополнително, градот Скопје известува и дека овластените инспектори за животна средина, комуналната инспекција и комуналните редари на градот, постојано вршат инспекциски надзори на диви депонии, стрништа, ораници заради спречување на нивно палење. Изречени се и прекршочни платни налози според Законот за управување со отпад, Законот за амбиенталниот воздух и Законот за животна средина.

Градот Скопје исто така апелира до граѓаните да не се користат огномети и пиротехника за време на претстојните празници со цел заштита на здравјето на граѓаните, животната средина, како и безбедноста на луѓето и животните.

Најнови вести од: Македонија

Илјадници Албанци во Приштина, заради поддршка на припадниците на УЧК, меѓу нив и лидерот на ДУИ Али Ахмети со извик: „Да живее УЧК!“

Во центарот на Приштина се одржа „Марш за слобода“, собир за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Специјалниот суд во Хаг за воени злосторства извршени на Косово и Метохија во текот на 1998 и 1999 година, пишува rts.rs. На својот фејсбук профил лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој присуствуваше на овој марш и митинг, објави: „Денес, во Приштина марширавме за слобода и во поддршка на Ослободителите. Албанскиот народ ги прогласи како невини Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Да живее УЧК!“

„Н.М“: Фашизам е обидот на Костадинов и „Преродба“ да го прогласат македонскиот јазик како бугарски!

Лидерот на бугарската радикална десница Преродба, Костадин Костадинов, во бугарското Народно собрание официјално поднесе иницијатива со која бара македонскиот јазик со законски и институционален акт да биде третиран единствено како „бугарски дијалект“. (!?) Ова не е инцидентен настап на Костадинов, туку континуирана платформа на неговата партија Преродба, која преку негирање на македонскиот национален супстрат демонстрира класични фашизоидни елементи, собирајќи евтини политички поени на домашната сцена. Ова се нагласува во политичката анализа со наслов „Анатомија на една фашизоидна провокација“, која ја објави денес весникот „Нова Македонија“. 

За Лант е „глупаво прогласувањето на македонскиот како бугарски јазик“ – дали Костадинов го стори тоа како кандидат за претседател на Бугарија?!

„Бугарските научници, кои тврдат дека концептот на македонски јазик бил непознат пред Втората светска војна, или кои продолжуваат да тврдат дека македонскиот јазик не постои, изгледаат не само нечесно, туку и смешно и глупаво! Грчките  научници, кои изнесуваат слични тврдења, покажуваат арогантно незнаење за своите словенски соседи!“ – има констатирано авторот на „Граматиката на македонскиот книжевен јазик“ американскиот славист Хорас Лант во научна статија во 1984 година реагирајќи на постојаните негирање на постоењето и самобитноста на македонскиот јазик. Лант е роден на 12 септември 1918, а починал на 11 август 2010 година. Навршувањето на 108-та годишнина од раѓањето на овој светски признат лингвист е повод да се осврнеме од гледна точка на неговите македонистички истражувања на политичкиот театар, кој го приреди во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, лидерот на бугарската ултрадесничарска и националистичка партија „Преродба“. Како пратеник Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да биде прогласен и да биде третиран како бугарски јазик. Кажаното од Лант важи денес во целосна мера и за Костадинов: нечесна е и смешна и глупава оваа негова иницијатива за јазикот, кој сиот научен свет го познава и го признава како македонски јазик – идентитетски столб на македонскиот народ.

Битола ја одбележа 84-тата година од смртта на народниот херој Стив Наумов, заедно со народниот херој Мите Богоевски загинати во борба со бугарската полиција

По повод годишнината од смртта на Народниот херој Стив Наумов, делегации од Битола денеска положија цвеќе и се поклонија пред неговиот споменик на Широк Сокак.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија за злоупотреба на здравјето на Македонците во Пустец, за да ги бугаризира!

„На 11 септември 2026 бугарски лекари вршеле прегледи во државна амбуланта во Пустец. Бугарската држава со години врши невиден притисок врз Македонците во Република Албанија. На Македонците низ цела Република Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари.“ – реагира во најостра форма Македонското друштво “Илинден“-Тирана .

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од бандитските, криминални и ненационални политики на владите на Заев и Ковачевски!

Сметките од работењата на претходните влади на Зоран Заев и Димитар Ковачевски и како тие се справуваа со кризата денес ги плаќаат граѓаните, и не дај Боже некогаш повеќе на Македонија да ѝ се повторат такви влади, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top