Македонија

Градоначалникот на Врапчиште не сака да влезе во Влада!?

„Бидете сигурни, одговорот е категорично ’не‘“, изјави Исен Шабани од Алијансата за Албанците

 

Одговарајќи на прашањето дали неговата партија Алијанса за Албанците би се согласила да влезе во владејачката коалиција, градоначалникот на Врапчиште во емисијата „Клик плус“ ја отфрли таквата можност, јавува Телеграфи

Шабани истакна дека нивниот фокус е насочен кон реорганизација на партијата Алијанса за Албанците.

Градоначалникот додаде дека  без избори, тие нема да станат дел од Владата.

„Дури и да добиеме таква понуда – бидете сигурни, и ова го кажувам јавно – нема да влеземе во Владата, ниту пак воопшто размислуваме за такво нешто без редовни избори“, додаде Шабани.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top