Македонија

Грчките граници утре ќе бидат затворени четири часа, поради штрајк на тамошните цариници

Цариниците во Грција утре ќе одржат штрајк, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа, јавија локалните медиуми.

Од 5 до 9 часот наутро по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени — автомобилите ќе се пропуштаат на секои десет минути, а за камионите границите ќе бидат целосно затворени, најави синдикатот.

Така ќе биде и на трите гранични премини кон Македонија, „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“).

Со оглед дека се случува шпицот на туристичката сезона, штрајкот ќе ги зголеми уште повеќе гужвите на граничните премини. Затоа надлежните повикуваат за патување да се избегне времето, во кое ќе се одвива штрајкот.

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top