Македонија

Грипот коси – пикот допрва доаѓа, што препорачуваат лекарите?!

Новогодишните прослави, како и собирите за време на празниците си го направија своето, односно го раширија грипот. Периодов ординациите на матичните лекари се полни со болни. Бројот на пациенти со симптоми карактеристични на грип почнал да се зголемува во последната недела од декември. Кај нас до сега има 1.725 нови случаи. ИЈЗ предупредува дека пикот допрва доаѓа и даде неколку препораки за заштита на граѓаните.

Грипот во Македонија зема се поголем замав. Во периодот од 29 декември до 4 јануари регистрирани се 1.725 случаи на грип, што е 2,2 пати повеќе од претходната недела (771 случаи). Во споредба со истиот период лани, бројот е зголемен 5,2 пати, а според просекот на последните 15 сезони – 38,7% повеќе, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Пикот допрва доаѓа, велат лекарите. Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, вели дека во Македонија има висок интензитет на вирусот на грип со очекување на натамошно зголемување.

  • „Пикот на грип се очекува во втората половина на јануари и првата половина на февруари. Со враќањето на децата во училиште, бројот на заболени може дополнително да се зголеми“, рече Андоновска.

Најмногу заболени има во Скопје (716), Тетово (339), Куманово (150), Велес (109), Штип (60), Дебар (54). Во Дебар се бележи многу висока активност, во Велес и Тетово – висока, а во Скопје и Куманово – средна активност. Најголем број од заболените (749) се на возраст од 15 до 64 години, додека 618 се деца на возраст од пет до 14 години.

Препораки за заштита од грип ИЈЗ апелира да се избегнуваат големи собири и престој во затворени простории, редовно да се мијат рацете со сапун и вода, да се проветруваат просториите и да се јаде лесна храна, богата со витамини и минерали. Од почетокот на сезоната до денес регистрирани се 3.825 случаи, што е 2,8 пати повеќе од истиот период минатата година. Андоновска најави дека, доколку бројките продолжат да растат, ИЈЗ може да предложи мерки, вклучително и одложување на почетокот на второто полугодие.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top